Родителите добро знаат колку тинејџерите можат да бидат тврдоглави. Тоа на своја кожа го почувствувала и Естел Хавишам која на својот син Арон по една сериозна расправа му напишала писмо за да отчита лекција.Естел Хавишам од Австралија имала еден мал пубертетски „дуел“ со својот 13-годишен син Арон. Тој неодамна отворил Јутуб канал и почнал да заработува „ситниш“ благодарение на рекламите по што многу храбро ѝ рекол на својата мајка дека повеќе не може да го контролира.
После тоа Естел ги „запленила“ неговите работи и му напишала кратко, но јасно писмо кое го фотографирала и го пратила на своето семејство. Тоа набрзо се проширило на интернет и станало вистински хит.
Прочитајте во продолжение како оваа мајка му отчитала вистинска лекција на својот син.
„Драги Арон,
Со оглед на тоа дека си заборавил дека имаш само 13 години, а јас сум твој родител, изгледа дека ти треба една мала лекција од самосталност. Ми фрли во лице дека сега заработуваш па ќе ти биде полесно да ги откупиш сите работи кои ти ги купив во минатото. Доколу ги сакаш своите лампи, сијалици, или пристап до интернет, ќе мораш да сносиш свој дел од трошоците.
Станарина- 430 долари
Струја- 116 долари
Интернет- 20 долари
Храна- 150 долари
Ќе мораш да го фрлаш ѓубрето секој понеделник, среда и петок, како и да го чистиш станот. Еднаш неделно да ја чистиш бањата, ќе си ги подготвуваш своите оброци и ќе си го чистиш нередот зад себе.
Доколку не успееш ќе ти наплатам услуга на помошничка од 30 долари за секој ден кога јас ќе морам да го правам тоа намесо тебе. Доколку одлучиш повторно да бидеш мое дете, а не мој цимер, можеме да преговараме за условите.
Со љубов, мама“.Естел Хавишам од Австралија имала еден мал пубертетски „дуел“ со својот 13-годишен син Арон. Тој неодамна отворил Јутуб канал и почнал



