„До сите оние коишто можат да ме слушнат, во Алепо моментално се соочуваме со геноцид. Ова би можело да биде мое последно видео“ – истакнала во видео запис активистката Лина ел-Шами, говорејќи за трагедијата која се случува во сирискиот град Алепо.Шами, која се наоѓа на подрачје од шест квадратни километри под контрола на опозицијата во источен Алепо со десетина илјади цивили, преку социјалните мрежи сподели видео со апел за помош.
Таа во видеото зборува за масовни убиства, напади и занемареност на Алепо од страна на меѓународната заедница на англиски јазик.
„На педесет илјади луѓе кои му се спротиставија на диктаторот Асад, им се заканува да бидат погубени или бомбардирани. Според наводите на активистите, на подрачјата заземени од страна на режимските сили и полицијата, убиени се над 180 луѓе. Цивили се наоѓаат на многу мало подрачје“ – рекла Шами.
Таа порачала дека во Алепо нема сигурна зона, ниту шанса за живот.
„Спасете го Алепо, спасете го човештвото“ – порачала Шами.
Според нејзините зборови, снемува залихи на храна, гориво и лекови, а ситуацијата се влошува со секој изминат час. Таа истакнала дека се живее во тешки услови под опсада.
„Бомбардирањата и нападите никогаш не запираат, бомби од раните утрински часови паѓаат врз нас како дожд“ – нагласила таа.
Таа ги повика луѓето да направат нешто, да демонстрираат и да го запрат геноцидот. Повика на организрање демонстрации пред претставништвата и амбасадите на Сирија, Русија и Иран ширум светот. Шами, која се наоѓа на подрачје од шест квадратни километри под контрола на опозицијата во источен Алепо со десетина илјади цивили, преку социјални