Gentleman на Psy веќе погледан 200 милиони пати

Новиот видео спот со наслов „Gentleman” на јужнокорејска поп ѕвезда Psy е погледан повеќе од 200 милиони пати на YouTube откако беше објавен пред само девет дена, што е нов рекорд за него откако стана планетарно популарен со хитот „Gangnam Style” кој досега е погледан 1,5 милијарди пати, што претставува апсолутен рекорд.

 Видеото „Gentleman”, објавен на 13-ти април кога новата кореографија за спотот Psy ја претстави на концерт одржан на стадионот во јужнокорејската престолнина Сеул, до понеделникот 22-ри април бил погледан и преслушан повеќе од 200 милиони пати на интернет ресурсот за размена на видео материјали YouTube.
Статистички гледано, станува збор за досега најпосетениот музички видео спот на интернет страниците во толку кус период.
Во новиот спот, до минатата година само јужнокорејската ѕвезда којашто со „Gangnam Style” се стекна со планетарна слава, со заоблени очила со бели рамки, е џентлмен кој се обидува да ги шармира младите убавици во спортски клубови, луксузни продавници и ресторани, со шеги со сомнителен вкус.
Во вторникот, 23-ти април, „Gentleman” беше меѓу десетте најпродавани на iTunes, посебно и во Канада.
Макфакс
Новиот видео спот со наслов „Gentleman” на јужнокорејска поп ѕвезда Psy е погледан повеќе од 200 милиони пати на

Пронајдете не на следниве мрежи: