Георгиевски: Максимално со Шпанија , но мислиме и на Исланд

Гоце Георгиевски е уште еден од бројните македонски репрезентативци кои се со став дека Исланд е ривалот што мора да биде добиен во следните 24 часа за да се стигне до третото место на табелата. Десното крило истакнува дека Шпанија е ривал против кого не смее да се игра со калкулации, но и признава дека фокусот на нашиот национален тим сепак е утрешното последно коло и пресметката со Исланд.
 – Ситуацијата излезе така да дуелот со Исланд ќе биде решавачки за нас, дали ќе бидеме трети или четврти во групата, што е многу важно за да се избегне Франција. Пред нас прво е Шпанија, не можам да кажам дека ќе калкулираме, но да бидам искрен во главите ни е влезено дека најзначаен меч за нас е оној со Исланд. Дуелот со Словенија не го наруши тимскиот дух, знаеме дека одигравме слабо, но не смееме да дозволиме еден пораз да не исфрли од колосек. Очекувам против Шпанија и Исланд повторно да одиграме на високо ниво и да стигнеме до барем еден триумф – изјави Георгиевски во пресрет на пеколните 24 часа што ќе ги очекуваат нашите репрезентативци.– Ситуацијата излезе така да дуелот со Исланд ќе биде решавачки за нас, дали ќе бидеме трети или четврти во групата, што е многу важно

Пронајдете не на следниве мрежи: