Нашиот Устав е апсурден од почеток. Нашиот Устав беше нарачан од Киро Глигоров и се измисли специјален термин кој го нема нигде во теоријата- дека ние не сме ни парламентарна демократија, ни претседателска демократија, ами ако се сеќавате полупретседателска демократија, потенцира Љубиша Георгивски во емисијата „Ѕид“ на Алфа TВ, каде гостуваше заедно со Дарко Јаневски од дневниот весник „Дневник“.– Ние се сеќаваме во 1992 година како е направена експертската Влада. Таа е направена така што Киро Глигоров како претседател не сакаше да го даде мандатот на првата партија, на ВМРО-ДПМНЕ. Втората го врати, се сеќаваме тоа беше Гошев го врати, истакна Георгиевски.
Дарко Јаневски на тоа се надоврза:
– Ако се сеќавате Глигоров тогаш доби 4 предлога за Премиер, па рече мене не ми се допаѓаат. Значи 4 имиња му даваат и он седи Претседателот и си бира и тогаш тоа беше во ред. И он вели не ми се допаѓа мене никој од овие. Дајте ново друго дете.
Осврнувајќи се на денешната ситуација Јаневски надополни:
– Ако не формира првиот влада, тогаш на вториот. Која пракса е тоа? Каде? Ситуацијата која што е сега е далеку поцивилизирана, далеку по современа и по блиска до еден соврмен уставен систем отколку што беше при формирање на експертската Влада, кога овој седеше горе и вика: Ова ми се допаѓа, ова не ми се допаѓа, вие сте вакви, такви, небањати, никакви…
Георгиевски и Јаневски во емисијата дебатираа за моменталната политичка ситуација во Македонија и одлуката на претседателот Иванов да побара од партиите да соберат гласови за да го додели мандатот на оној кој ќе успее да обезбеди поддршка од 61 пратеник.– Ние се сеќаваме во 1992 година како е направена експертската Влада. Таа е направена така што Киро Глигоров како претседател не сакаше да го