На денешната седница во Собранието на Република Македонија пратениците дебатираат по иницијативата за интерпелација на министерот за здравство Никола Тодоров.На оваа седница, со своја реплика кон обвинувањата од пратениците од СДСМ за состојбата во здравството во Македонија имаше и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Георгиевски.
Тој се обрати кон Ален Георѓиев од СДСМ.
-Колега Георѓиев, како хирург малку ме разочаравте затоа што на хирург не му личи да својата теза за интерпелација на министерот ја базира на тумачење на човечките несреќи. Никогаш нема да се сложам за тоа човечките несреќи да ги употребувате за купување на политички поени, истакна пратеникот Георгиевски.
Пратеникот Зоран Георгиевски се осврна и на обвинувањата во врска со одлевање на доктори во странство.
-Вработен сум во здравството од 86-та година. Малку колеги знаат за замрзнатите плати во здравството од осамостојувањето на Македонија до 2006 година. Факт е дека ВМРО-ДПМНЕ ги покачи платите во здравството, посочи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Георгиевски.На оваа седница, со своја реплика кон обвинувањата од пратениците од СДСМ за состојбата во здравството во Македонија имаше и пратеникот од ВМРО-ДПМ