Англиските медиуми пренесуваат дека велшанецот веќе не е во добри односи со челниците на Тотенхем.Герет Бејл нема да настапи за селекцијата на Велс на денешниот пријателски натпревар со селекцијата на Ирска.
Англиските медиуми веќе на големо ја пренесуваат веста дека наводно велшанецот не е веќе во добри односи со управата на англискиот премиерлигаш Тотенхем и дека е одлучен во намерата да го засили тимот на Реал Мадрид.
„Герет не може да разбере зошто Тотенхем не ја прифаќа понудата која беше светски рекорд“ вели неименуван играч од селекцијата на Велс.
Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, наводно ја одбил понудата вредна фантастични 100 милиони евра, бара и еден играч плус. Од друга страна, кралскиот клуб нема никаков проблем да Коентрао го засили тимот на Тотенхем, но, сака во тој случај цената за обештетувањето да биде намалена.Герет Бејл нема да настапи за селекцијата на Велс на денешниот пријателски натпревар со селекцијата на Ирска.