Германецот Патрик успеал да стапи во контакт со Македонката што ја бараше преку оглас, а во која се заљуби во Љубљана. Ова предмалку го објави словенечкото радио кое го пренесе огласот на Патрик на социјалните мрежи…Германецот Патрик успеал да стапи во контакт со Македонката што ја бараше преку оглас, а во која се заљуби во Љубљана. Ова предмалку го објави словенечкото радио кое го пренесе огласот на Патрик на социјалните мрежи:
-Здраво прекрасна девојко од Македонија чии очи не можам да ги заборавам… Се сретнавме, зборувавме, се смеевме и танцувавме близу Тромостје. Премногу брзо мораше да заминаш, а јас останав мислејќи дека повеќе нема да те видам. Тоа би било многу тажно! Единствениот начин да те најдам е преку Факултетот за општествени науки и се надевам дека ќе ја прочиташ оваа порака. Те молам, доколку сакаш, прати ми порака – пишува во дел од огласот преку кој Германецот се обидуваше да ја пронајде Македонката.Патрик раскажа дека Македонката ја запознал последниот ден од своето балканско патување на Тромостје, трите моста во центарот на словенечката метропола.
Приказната која потсетува на „Пепелашка“ предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи. Многумина му нудеа помош да ја пронајде, објавуваа љубовни песни…Денеска словенечкото радио објави дека Патрик од мостот успеал да ја најде својата изгубена Македонка. Сега, оние што ја следеа романтичната сторија за Германецот вљубен во Македонката сакаат да ја видат на фотографија и да дознаат дали ќе има среќен крај. Засега, немаме одговор од Патрик, кој би ја задоволил љубопитноста на корисниците на „Фејсбук“ што ја следеа оваа сторија.Германецот Патрик успеал да стапи во контакт со Македонката што ја бараше преку оглас, а во која се заљуби во Љубљана. Ова предмалку го објави слов



