Германија ја замрзна програмата за вработување на младите од Европа

Министерството за труд објави дека е преплавено со пријави од заинтересирани кандидати, посебно од Шпанија и Унгарија, за програмата на субвенционирано оспособување за вработување, како и професионално усовршување на младите од останатите европски земји во германските сектори во кои недостасува работна сила.Германија се најде на удар на критики од своите партнери во ЕУ поради пристапот кон економската криза во еврозоната и акцентот на фискалната дисциплина. Берлин одговори со инцијатива за борбата против невработеноста на младите за да и помогне на „изгубената генерација“ во потрагата по работа, како и решавање на проблемот со дефицит на работната сила на сопствениот пазар на труд, на пример, во секторите за грижа за постарите лица и гастрономијата.
Програмата која што првично беше наменета за граѓаните на возраст помеѓу 18 и 35 години требаше да трае до 2016 година, но беше продолжена до 2018 година. Учесниците во програмата требаше да добијат финансиска помош при посетата на курсеви за германски јазик во матичната земја и помош при разговорите за работа и преселба во Германија поради работа.
Вкупно планираниот износ за таа инцијатива од 400 милиони евра веќе е истрошен, вклучувајќи ги и оние 48 милиони евра наменети за оваа година, па на интернет страната на програмата MobiPro-EU е објавено дека процесирањето за нови барања е сопрено.
Вкупниот број на млади кои што се пријавија за овој проект изнесува 9.000 во периодот помеѓу јули 2013 и април 2014 година. Поголемиот број од нив доаѓа од Шпанија, со вкупно 5.600 барања.Германија се најде на удар на критики од своите партнери во ЕУ поради пристапот кон економската криза во еврозоната и акцентот на фискалната дисцип

Пронајдете не на следниве мрежи: