ГЕРМАНИЈА НА НОЗЕ: Водачот на антимуслиманските протести позираше како Адолф Хитлер

Канцеларката Ангела Меркел, во повеќе наврати го осуди движењето ПЕГИДА, но сепак го поддржува правото некој да протестира. Таа објаснува дека демонстрациите во Германија не можат да се забранат, бидејќи тоа е основно човеково право.Водачот на германското десничарско движење ПЕГИДА, успеа да се најде во центарот на вниманието, откако се претстави како Хитлер на Фејсбук. Тој на познатата социјална мрежа објави статус со фотографија и натпис: „Тој се врати“.
Лук Баман е водач и најпрепознатлива фигура во борбата против исламизацијата во Европа. Тој, преку движењето ПЕГИДА, привлече 25.000 луѓе кои оделе на антиисламски маршеви во Дрезден.
Овие денови, во едно онлајн списание осамна наслов „Двете лица на Лук Баман“, со слика која била ставена на неговиот профил на Фејсбук. Таа датира од 2012 година, а на неа Баман изгледа како Адолф Хитлер. Меѓутоа, тој оваа слика морал да ја тргне и да го деактивира профилот, откако со него контактирале луѓето од „Морген пост“.
-Тој на недоличен начин зборуваше за луѓето кои немаат исто мислење со него. Кога го предизвикав, тој го блокираше мојот профил, напишал еден читател на „Морген пост“.
Кога и останатите медиуми го контактирале Баман поради спорната слика, тој изјавил дека станува збор за шега.
Водачот на германското десничарско движење ПЕГИДА, успеа да се најде во центарот на вниманието, откако се претстави како Хитлер на Фејсбук. Тој на

Пронајдете не на следниве мрежи: