Германија во страв: Зголемена закана од терористички напади

Германија може да биде цел на терористички напади во секое време, се вели во извештајот на владините безбедноси агенции чии делови пренесува весникот „Билд“.Според информациите доставени до германската Влада во јуни, постои реална опасност да бидат нападнати цели во авионскиот и железничкиот сообраќај, фреквентни локации како панаѓури, пазари и фестивали,
– Сојузна Република Германија е декларирана и активна цел за џихадистичко насилство. Германските агенции и интереси се предмет на хипотетичка закана во земјата, како и во странство, се вели во извештајот.
Според „Билд“, постои зголемен ризик дека симпатизери на терористички организации, кои немаат директна врска со нив можат да спроведат независни напади. Според извештајот, постои речиси сигурна закана и долгорочна закана од џихадисти-повратници од Сирија и Ирак.
Извештајот бил подготвен еден месец пред нападите во Германија што се случија на средината на јули, кога 17-годишен Авганистанец со секира нападна патници во воз, а Иранец уби девет лица во Минхен.
Подоцна Германија се соочи со и со експлозија на бомба поставена од Сириец пред музички фестивал во Баварија, а друг терорист од Сирија со мачета уби една жена близу Штудгарт.
 
Објавена комуникација меѓу ИД и извршители на терористички напади во Германија
Весникот „Зи Дојче Цајтунг“ објавиа серија СМС пораки меѓу припадник на групата Исламска држава (ИД) и двајца извршители на терористички напади во Германија, јави дописникот на МИА од Берлин.
Весникот открива дека двајцата извршители на јулските напади во Германија комуницирале со ИД пред нападите. На Мохамед Далеел, кој постави експлозивна направа пред музичкиот фестивал во градот Ансбах припадникот на ИД кусо време пред нападот му рекол да „верува во Бога“. На 17-годишниот Риаз Кан Ахмадзаи, кој со секира во воз во близина на градот Вурцбург повреди пет луѓе, членови на ИД му ветиле дека ќе „замине во рајот“.
Според весникот, пришадниците на ИД го охрабрувале Ахмадзаи во нападот да користи возило за да предизвика поголеми човечки жртви. Сугестијата била одбиена затоа што напаѓачот не знаел да вози. На неколку минути пред нападот, Ахмадзаи пратил порака дека започнува по што добил одговор дека „сега ќе влезе во рајот“.
Припадниците на ИД на Далеел му наредиле да ги убие сите на музичкиот фестивал, а откако виделе дека тој се премислува поради присуство на полицијата му наредиле да најде ресторан по што му порачале да верува во Господ. Во нападот во Ансбах загина едно лице а 15 беа повредени.Според информациите доставени до германската Влада во јуни, постои реална опаснос

Пронајдете не на следниве мрежи: