Поранешниот тренер на Баерн Леверкузен, Саша Левандовски, пронајден е мртов во својот дом во Бохум.Поради здравствени проблеми, германскиот стратег ја напушти клупата на Унион Берлин во март, а синдромот на исцрпување (Брнаут синдром) го победи во битката за живот на 44-годишна возраст, a полицијата шпекулира дека станува збор за самоубиство.
„Неизмерно сме тажни и изненадени од веста за смртта на Саша Левандовски“ – вели претседателот на второлигашот на чија клупа Левандовски седна во септември минатата година.
На кормилото на Баерн Леверкузен, Левандовски се задржа две години. Во сезоната 2012/2013 ја делеше диригентската палка со Сами Хипија, а откако Финецот доби отказ, сам ги предводеше „фармацевтите“.