Германска Јелена Марјановиќ: Убавица која сите ја сакале отишла на трчање и не се вратила. Ја пронашле МРТВА!

Каролин Грубер (27) од Германија, отишла на трчање. Кога не се вратила, ја барале полицајци, пожарникари, доброволци. Пронајдена е мртва во шума. Обдукцијата покажала дека била убиена и силувана. Жената во неделата попладне отишла на трчање и требала да се врати за околу еден час подоцна.
Пронајдена е кај местото Ендинген во германската покраина Баден Вуртемберг. Мртвото тело го нашле во четвртокот на крајот од шумата пишува Билд. Кобниот ден била сама во куќата.
Отишла на трчање и покрај лошото време. Веста за нејзината смрт брзо се проширила.
Каролин во Ендинген била омилена. Заедно со сопругот Борис (29) се ангажирала за карневалот и во локалниот спортски сојуз. За време на потрагата дури било и исушено езерото.
Каролин ја барале 100 полицајци, пожарникари, доброволци. Кај себе имала само мобилен, но не успеале да ја лоцираат. Во местото кое брои 9000 жители владее страв. Полицијата под притисок е што побрзо да го реши случајот.
Средината на октомври на 30 километри од Ендинген студентката (19) била силувана и убиена. Убиецот не бил пронајден.
Поради овој случај, се стравува да не станува збор за сериски убиец.Обдукцијата покажала дека била убиена и силувана. Жената во неделата попладне отишла на трчање и требала да се врати за околу еден час подоцна.

Пронајдете не на следниве мрежи: