Германски авион со 148 патници се урна на југот од Франција!

Авион Ербас А 320 на германската компанија „German wings“, се урна на југот на Франција во регионот Барселонет, соопшти Генералната дирекција за цивилен авиосообраќај на Франција и жандармеријата.Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, рече дека не очекува дека ќе има преживеани.
Според објавата на локалниот лист „Прованс“, во авионот се наоѓале 148 патници и членови на екипажот, а според информациите на светските медиуми, во близина на едно село веќе се пронајдени првите остатоци од авионот.
По повод падот на авионот, на медиумите им се обрати и францускиот премиер Мануел Валс, а министерот за внатрешни работи Бернер Казнев се упати на лице место. Валс на новинарите им рече дека сѐ уште не е позната причината за падот на авионот.
Авионот летал од Барселона кон Дизелдорф, а се урна во француските Алпи помеѓу општина Дињ и Барселонет, 100 километри северно од Ница. Авионот бил стар 24 години.
Од германската компанија, која како нискотарифна компанија работи во рамките на Луфтханза, беше соопштено дека засега нема информации за падот на авионот.

First pictures from #germanwings plane #BREAKING #brekend pic.twitter.com/po7UHzwlK2
— Hans Acker (@HansAckerNY) March 24, 2015
Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, рече дека не очекува дека ќе има преживеани.
Според објавата на локалниот лист „Прованс&ldq

Пронајдете не на следниве мрежи: