Германски неделник: „Првата фотографија на Шумахер по несреќата“

Германскиот сатиричен неделник „Титаник”, во најновиот број се потсмева на несреќата на Михаел Шумахер.„Ексклузивно! Прва фотографија по несреќата. Еве како изгледа сериозно повредениот Шуми”, стои на насловната страница на списанието, додека на фотографијата 64-годишната легенда на Формула 1, Ники Лауда.
Ники Лауда не може да верува колку ниско се спуштиле уредниците на „Титаник”.
„Насловната е нерифатлива и потполно непочитување. Кој објавува вакво ѓубре? – вели поранешниот светски шампион во Формула 1, кој исто така доживеа сериозна несреќа во 1976 година во Нирбургринг .

„Титаник” објавил и сложувалката од фотографијата на повредениот Шумахер и лавиринт во кој грешното свртување води кон болницата.
 

Седумкратниот светски шампион, повеќе од еден месец е во болница во Гренобл, каде беше сместен по тешката несреќа при скијање
Неговата сопруга Корина, веќе пет недели е со него, а ситуацијата конечно започна да се поправува минатата недела, кога докторите започнаа да го будат од кома. Меѓутоа, според зборовите на докторите, тој процес ќе биде многу тежок за сите кои се замешани.
-Будењето од кома не е воопшто такво како што се претставува во филмовите- рече Лук Григс, портпарол на хуманитарната организација Хедевеј, која им помага на лицата кои претрпеле повреди на мозокот. -Тоа е постепен процес кој може да трае неколку денови па и недели- додаде тој.„Ексклузивно! Прва фотографија по несреќата. Еве како изгледа сериозно повредениот Шуми”, стои на насловната страница на списанието, додека н

Пронајдете не на следниве мрежи: