Оваа сабота Епицентар за клаберите им приреди вистинска забава со настапот на германскиот диџеј Gregor Tresher. Локално љубителите на добрата музика ќе ги загрева диџеј Васо.„На вистинските познавачи и љубители на квалитетниот техно звук, гостувањето на Gregor Tresher во Македонија ќе им биде од огромно значење, истовремено публиката која не го познава, посебно онаа помладата ќе има можност да се запознае со еден DJ и продуцент кој е вистински почитуван, пред се, од колегите па потоа и од многубројната публика која имала можност да го прати и слуша низ годините” велат од Епицентар.
За еден продуцент да ја добие довербата да создава ремикси за артисти како Depeche Mode, Moby, Laurent Garnier, Salt City Orchestra i Detroit Grand Pubahs зборува само неговиот квалитет. Gregor Tresher својата DЈска и продуцентска кариера ја провлекува низ две декади, успешно свртувајќи ја неколкупати планетата земја настапувајќи во клубови и по фестивали.
Роден е во Франкфурт во средината на 70те. Започнува како DJ, но она што навистина ќе го направи комплетен артист е продукцијата. Неговите први два албума под алиасот “Sniper Mode” го наговестуваат само почетокот на неговата кариера, за подоцна во 2005 да започне да издава под своето вистинско име. Резултатот, 5 студиски албуми, огромен број на синглови и ремикси на други артисти. Неговиот каталог на изданија е распространет низ дискографските куќи Drumcode, Ovum, Intacto, Music Man Moon Harbour како и неговата Break New Soil.
И покрај неговата импресивна дискографија, не очекувајте да се појавите на некој од неговите настапи и да чуете сет составен од најголемите хитови од неговата криера. Тој самиот потенцира дека се оттргнал од правењето музика за DJ-и и музика за подиумите. Како што вели, се стреми да направи музика за сите сетила, неговите нови звуци го опишуваат него и иако првично не биле наменети за клупските подиуми си го пронашле своето место и таму. Можеби една од најинтересните работи за овој артист е интегрирањето на постари музички машини кои понекогаш имаат тенденција да лебдат надвор од мелодијата, кој служат како потсетник за човековиот придонес во музиката направена од машини.„На вистинските познавачи и љубители на квалитетниот техно звук, гостувањето на Gregor Tresher во Македонија ќе им биде од огромно