Германскиот суд ја повлече забраната за носење марами која се однесуваше на муслиманските учителки

Според највисоката германска судска инстанца, наставниците муслимани веќе не се соочуваат со забрана за носење на марами, одлука за која што се разгледува од 2003 година кога судот првично препорача забрана за носење марами, пренесе Ројтерс.Уставниот суд на Германија донесе одлука да дозволи носење на марама со која се покрива главата, доколку тоа не предизвикува прекин на училишните активности.
Судиите на уставниот суд сместен во градот Карлсруе, сега сметаат дека забраната е оправдана доколку носење на исламска марама води до „предизвикување конкретна опасност“ за пречки во училиштето или до „неутралност на државата“.
Пресудата се очекува да предизвика ново продолжение на дебатата во Германија каде што живеат околу четири милиони муслимани и каде што десетици илјади луѓе беа дел од протестите против „Исламизацијата на Европа“.
ОД 2003 година, неколку од 16 регионални покраини – држави кои што имаат ингеренции во образованието, забранија носење на муслимански марами по тогашната одлука на Уставникот суд на Германија. Според судот, секоја од регионалните држави треба да донесе свој закон за ова прашање во кое што христијанските вредности не смеат да бидат во повластена позиција во однос на другите религии.Уставниот суд на Германија донесе одлука да дозволи носење на марама со која се покрива главата, доколку тоа не предизвикува прекин на училишните а

Пронајдете не на следниве мрежи: