Ослободувањето на германските воени набљудувачи во Славјанск е ударна тема за германските медиуми и политичари, известува Дојче Веле.А што германските воени набљудувачи барале во Украина, кога таму немало официјална мисија на ОБСЕ , јавно праша потпретседателот на баварската Христијанско – социјална унија, Питер Граувајер.
Наводно десетици агенти на ЦИА и ФБИ ја советуваат владата во Киев. Ја читаш таа вест и се прашуваш: и што сега? Многумина се на масата, некои играат со затворени карти. И тогаш доаѓа некој како Питер Граубајер да праша што во Украина бараат германски војници и цивили.
Прашањето е наивно а Питер излегува глуп. Биле во Украјна на повик од Киев бидејќи тамопшната влада сака да привлече што повеќе страни за конфликт. Берлин сигурно наивно не го прифатил повикот. За Германија тоа било шанса сама да стекне слика од лице место. Вистинска драма е што ситуацијата е така запалена што не можат да се пратат ни набљудувачи.
Москва со ослободување на набљудувачите уби две муви со еден удара, пишува Mitelbajeriše cajtung (Regensburg).
Владимир Путин јавно се покажа како ослободител и мировен ангел, од друга страна на исток во Украина и понатаму траат борбите,а повторно оди на воденицата во Москва, пишува весникот.
На коментаторот меѓутоа не му е јасно што ги натерало властите во Киев да долеваат масло на огнот и да лансираат т.н. анти -терористичка акција.
„Можно е централната власт по секоја цена сакала да ги спречи сепаристите на 11. Мај да организираат референдум за отцепување на нивниот регион. Голем е стравот од сценариото на Крим. Тој полуостров, после прогласувањето на независноста и манипулираниот референдум, е веднаш анектиран од страна на Русија. Сепак, истокот на Украјна не е Крим.
Без масовна воена инвазија Русите не можат да го контролираат широкиот појас од Харков и Донецк до Одеса на југ. Освен тоа, расположението на народот е против приклучувањето на Русија. Во такви услови, воената операција на преодната киевска влада била контрапродуктивна.“
Во моментот кога пола земја е во пламен, претседателските избори не би имале никаква смисла и треба да видат откажани, пишува Везер Курир од Бремен.
„Доколку изборите на мај не бидат одржани во сите делови на државата, Русија има потенцијална причина да не го признае победникот. Западот мора сериозно да размисли за таа опција. Целта на изборите – легитимизацијата на власта и стабилизација на земјата – би пропаднал,“- пишува весникот.
Се наведува дека смислата е парламентот да го измени уставот така што да се намали моќта на претседателот, како и да префрли повеќе компетенции на регионот – по угледот на германската покраина, па во догледно време да се оди на избори.
Westfaelische Rundschau го коментира помрднувањето на трупите на НАТО кон исток и признавање на таа алијанса, дека по малку го потцени Путин: „Сите гледаат на Москва како зајак во змија, и се прашуваат што следно ќе направи Путин.
Во Украина му оди скоро совршено – Крим е присоединен, истокот на земјата е дестабилизиран, а анексијата не е исклучена. Санкциите и заканите на западот не можеа да го запрат. Во секој случај Путин се чувствува подобро од било кога. Наспроти себе има неподготвен запад. “
„Обама и Меркел со право за сега ја исклучуваат можноста за воена интервенција. Но воената готовност отсекогаш била предуслов за успешна дипломатија.“
Ни трага оптимизам во коментарот на Westfaelische Rundschau (Hagen): „Контрола над Украина нема ни заштитникот русин Путин ниту пак американските набљудувачи кои подржуваат распаднатата преодна влада во Киев.“А што германските воени набљудувачи барале во Украина, кога таму немало официјална мисија на ОБСЕ , јавно праша потпретседателот на баварскат