Лидерот на ДУИ, Али Ахмети ги објави своите предлози за идни министри од редовите на неговата партија…„Благодарение на конструктивната дискусија ДУИ едногласно излезе со одлука за министерските места во идната влада. Заменик-премиер за спроведување на Охридскиот рамковен договор Хазби Лика, вицепремиер за евроинтеграции Бујар Османи, министер за животна средина Садула Дураку, министер за економија Булент Салиу, Крешник Бектеши и Рамиз Мерко како министер без ресор“, изјави Ахмети.
БЕСА реши да не влезе во владата на социјалдемократите. Спорни се имињата од ДУИ, како што очигледно се спорни за многумина. Коментираат и соросоидите Владимир Милчин и првото перо на социјалдемократите Бранко Геровски. Геро чиниш вчера влезе во професијата, па ќе им даде шанса на Мерко, Лика, Османи да се покажат…
„Сега, откако дел од имињата на идните министри веќе јавно се соопштени, а повеќе или помалку се знаат и главните кандидати на СДСМ, со моите колеги веднаш, еве јавно, ќе се договориме уште една работа – нема да „рецензираме“ ниту еден кандидат и иден министер, се додека човекот не добие шанса да покаже што знае и умее“, напиша Геровски.
Милчин не се согласува со него. Вели и тој бил одлучен да не коментира, но, не можел да молчи за некои одф предлозите на Ахмети.
„Мислам на предложените министри, Садула Дураку и Бујар Османи. За нив не е потребно да причекаме 100 дена па да видиме што можат. Кога Бучковски го предложи Садула Дураку алиас Командант Вентили за министер за земјоделие во Централен одбор на СДСМ јас гласав против и си дадов оставка на членството. И мислам дека бев прав“, коментира Милчин, пренесува Република.„Благодарение на конструктивната дискусија ДУИ едногласно излезе со одлука за министерските места во идната влада. Заменик-премиер за спровед