Бранко Героски, еден од најистакнатите медиумски експоненти на СДСМ и Сорос и човек кој за себе смета дека е идеолог на оваа партија, иницијативите за создавање на Македонска платформа ги нарече „удбашки обиди за разнебитување на Македонија“, како и „националистички и шовинистички обиди за крвопролевање во земјата“.Во својата колумна во неговиот „Слободен Печат“ која ја објави и на насловната страна на весникот, Героски како по нарачка, во ист ден со уште дузина колумнисти и коментатори на Соросовите портали, за повикот на СПМ, дузина формални и неформални здруженија и индивидуалци на интернет да се формира документ т.н. „Македонска платформа“, како одговор на онаа која во организација и по нарачка на албанскиот премиер Еди Рама во Тирана ја потпишаа претставници на албанските партии од Македонија.
Героски во својата вчерашна колумна насловена „Удбашка платформа за разнебитување на Македонија“ со конструкциите оди дотаму што реакциите на македонските патриоти кои се противат на инволвирањето странски држави во македонските работи, ги нарекува „удбашки нарачки кои имаат за цел да ја поделат земјата меѓу Србија и Грција“.
„Се разбудија старите удбашки структури, повампирени, пак жедни за македонска крв, со наум конечно да ја остварат целта што не им успеа во 1991 година и потоа десет години подоцна, во 2011 година – да ја разнебитат и да ја распарчат Македонија. Така како што им ветија на своите налогодавци Милошевиќ и Мицотакис, но, за среќа, не го исполнија ветувањето“, пишува Героски во колумната.
За Героски, за кој интернет коментаторите коментираат дека потполно го загубил паметот, албанската платформа која на некој начин е директно мешање на една странска држава во внатрешните работи на Македонија, не само што не е националистичка, туку е и демократска и за неа треба да се разговара.
Во разговорите за неа, Героски ја нуди сесрдно сета своја помош, позадински и фронтално, за овие тирански нарачки да го видат светлото на денот. И тоа не се обраќа кон неговиот Зоран Заев, туку бара Али Ахмети да го повикал за да му даде десет предлози и за знамето, и за химната и за другите точки од албанската платформа:
„Верувајте, сите прашања покренати во Тиранската платформа се лесно решливи. И за знамето. И за химната. И за статусот на заедниците конституенси на државата… Не знам како да ве убедам во тоа. Еве, нека ме викне Али и јас лично ќе му дадам десет предлози што тој, едноставно, нема да може да ги одбие.“
Ова не е ни од далеку прв пат опозицискиот новинар да заговара редефинирање на Македонија како држава. Во колумната насловена „Ајде да разговараме за федерализација, зошто да не“, од пред неполни две годни Героски соопштува дека треба отворено да се разговара за федерализација на Македонија, заговарајќи дека тоа е концепт кој има изворна енергија и треба да се спроведе.
Стратегот на СДСМ и едно од нивните главни новинарски пера Героски на федерализацијата гледа како апсолвирано прашање, за кое треба да се разговара за деталите, а не дали воопшто е потребно создавање на федерација.
Со најновата понуда лично тој да посредува во промената на името, јазикот, химната, знамето и државниот грб, ова гласило на СДСМ и Сорос јасно и недвосмислено кажа каква е неговата визија за Република Македонија: Героски Македонија ја гледа како држава во која треба да се стори се и да се продаде се, држава која треба да се откаже од својот мнозински народ, само за во неа да може да дојде на власт неговиот пулен Зоран Заев и СДСМ.Во својата колумна во неговиот „Слободен Печат“ која ја објави и на насловната страна на весникот, Героски како по нарачка, во ист ден