Героски до Заев: Покачувањето на даноците ли е лекција за економијата која ја ветуваше?

И јас се сеќавам на спектакуларната изјава на премирот Зоран Заев, човек со бекграунд на успешен бизнисмен, кој во кампањата за локалните избори рече дека СДСМ ќе одржи лекција по економија и дека ќе оди со концептот „повеќе пари кај граѓаните“. И токму затоа, она што се случува деновиве, мене, најблаго речено, ме збунува, пишува провладиниот новинар Бранко Героски во својата најнова колумна.-На пример, не можам да сфатам како тоа зголемувањето на акцизата на дизелот, кој учествува со 64 отсто во вкупната потрошувачка на горива, ќе донело повеќе пари кај граѓаните, а ќе ги насекирало богатите, оти сиромашните ионака не возеле автомобили (?!). Такво објаснување чувме од човек од ресорот финансии.Исто така, не ми е јасно како е можно со години да трубиме дека имаме прекубројна и неефикасна администрација, која го оптоварува стопанството, а сега одеднаш да се ветува зголемување на платите во здравството, во образованието, во јавниот сектор, пишува Героски.

Отворениот поддржувач на СДСМ вели дека не му е јасна ниту работата со субвенциите.
– Да бидам искрен, мене тој концепт со субвенциите никогаш не ми се допаѓал и се уште мислам дека тој механизам повеќе го умртвува отколку што го заживува производството на храна. Но, еве, не полемизирам, да не се правам експерт за сѐ и сешто. Ама, факт е дека на луѓето им беа ветени субвенции во износ од 160 милиони евра годишно, а во буџетот за 2018 година се испланирани само 138 милиони. Зошто? И уште нешто. Многу важно. Кога сегашната власт беше опозиција, многу се зборуваше за кратењето на непродуктивните расходи, за кои се тврдеше дека изнесуваат неколку стотици милиони евра на годишно ниво. И јас сум убеден дека навистина зборуваме за толкави суми. Сега, кога полемизираме за зголемената акциза за дизелот, зборуваме за потег што во државната каса ќе донесе одвај 30 милиони евра годишно. Па добро, што стана со оние „стотици милиони“ непродуктивни трошоци? Се скратија? Мислам дека е време, друже Заев, да си ја повториме лекцијата – кога социјалдемократите беа во опозиција, ветуваа поскромни буџетски зафаќања од реалниот сектор на економијата (за да има повисоки плати за работниците), кратење на непродуктивните трошоци, повеќе капитални инвестиции и општо – повеќе пари за граѓаните. Натаму одиме? Да не сме скршнале малку?, пишува Героски.-На пример, не можам да сфатам како тоа зголемувањето на акцизата на дизелот, кој учествува со 64 отсто во вкупната потрошувачка на горива, ќе доне

Пронајдете не на следниве мрежи: