СДСМ почна и преку медиумите на својата новинарска перјаница Бранко Героски јавно да ги презентира политичките нарачки на опозицискиот лидер Зоран Заев до специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.Бранко Героски, во стилот на лидерот на СДСМ на насловна страница на неговиот партиски весник „Слободен печат“ ги објави следните чекори кои по партиска наредба мора да ги реализира Катица Јанева. Без разлика што законот вели дека истрагата е тајна, Героски ударно објавува дека Катица Јанева ќе тргнела во офанзива и ќе паднел првиот притвор.
-Блокирањето на работата на СЈО од страна на институциите, како и спроведувањето на Пржинскиот договор, ќе бидат во фокусот на агендата на американскиот заменик-помошник државен секретар, Хојт Брајан Ји кој денеска се очекува да пристигне во Македонија. А на агендата на Јанева ќе бидат набавката на израелската опрема, случајот „Космос“ и други скандали од „бомбите“, пишува весникот на главниот медиумски стратег на опозицијата.
Истото ова што ударно на насловна страница еуфорично го најавува Героски, на партиски митинг во Капиштец на почетокот од февруари го направи и Зоран Заев пред членови на СДСМ. Заев тогаш ги обзнани неговите барања и очекувања од Катица Јанева. Тоа што е обвинет и формално не смее да има никаков контакт со истрагата не беше проблем Заев да изјави дека ќе имало и обвиненија и притвори без разлика дали постоеле докази или не.
-Не само што има формирано Специјално обвинителство, тоа обвинителство ќе испорача наредби за истраги, обвинителни акти и дај Боже и притвори за овие криминалци што ја водат државата. Чекам резултати. Јас се борев заедно со вас за ова Специјално обвинителство, е сега резултатите ќе се испорачаат и тоа ќе има влијание врз изборите, рече Заев во Капиштец.
Само неколку дена по ваквата најава од Заев, следеше политичка прес-конференција на Јанева на која ја најави акцијата „Титаник“, во која меѓу осомничените беа и високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ за кои Јанева неосновано бараше мерка притвор, но поради немањето никакви конкретни докази, Судот одлучи да не ја примени.
Сега и Героски по истата логика најавува притвори, без да каже за кого и без да го интересираат докази. КУРИР дознава дека по првичната еуфорија на Заев и очекувањето Катица Јанева до крај да ги исполни нарачаните дејствија, завладеало разочарување од слабиот ефект.
Тоа според нашите извори резултирало со жолчни расправии меѓу самите членови на СЈО, но и на релација СЈО – СДСМ. Притисокот и критиките од СДСМ кон тимот на Јанева се зголемиле, но се зголемил и револтот кај некои од обвинителите за ваквиот начин на работа, со објаснување дека не може на сила и незаконски да се туркаат предмети без ниту еден доказ.
Последниот притисок од СДСМ е направен деновиве, кога било договорено СЈО до крајот на неделава или најдоцна од понеделник да излезе со нова спектакуларна прес-конференција и нови барања за притвор.
Тоа што Героски не го соопшти е дека СЈО добила наредба најитно да излезе со проширување на пријавата за изборни измами против уште неколкумина партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ, да покрене истрага за случајот Космос, но и да настапи ударно со нови обвинувања околу работењето на УБК.
Со барањата за притвор кои ги најавува Героски, Заев очекува дека ќе се фрли дамка на работењето па повеќе највисоки функционери на ВМРО-ДПМНЕ, но и ќе му се даде аргумент за натамошен напад на Судот доколку тој не подлегне на координираните притисоци од Заев и Катица Јанева.Бранко Героски, во стилот на лидерот на СДСМ на насловна страница на неговиот партиски весник „Слободен печат“ ги објави следните чекор