Приказната за детенцето кое носи дрес на Меси направен од пластична кеса, трогна милиони обожаватели на фудбалот кои ги преземаа сите мерки за да го пронајдат.Петгодишниот Муртаза од Авганистан е голем обожавател на славниот фудбалер. На неговата приказна никој не остана имун, па ни самиот Лајонел Меси.
Авганистанскиот фудбалски сојуз соопшти денеска дека преговорите помеѓу славниот фудбалер се во тек и дека се договараат околу терминот кога малиот Муртаза ќе го запознае својот идол.
Мала е веројатноста дека славниот фудбалер поради ситуацијата во Авганистан ќе дојде таму за да го запознае Муртаза, па затоа Авганистанскиот фудбалски сојуз планира Муртаза и неговиот татко да ги прати на пат во Шпанија.Петгодишниот Муртаза од Авганистан е голем обожавател на славниот фудбалер. На неговата приказна никој не остана имун, па ни самиот Лајонел Меси.