Гевгелија активно го спроведува проектот „Купи куќа за млади“. Уште со самото најавување на карванот и стартувањето во февруари, Гевгелија влезе со околу 500тина веќе урбанизирани парцели за изградба на куќи на три локации во градот, на Мрзенски рид со 200 парцели, делот на Караорман 250 и старата касарна 70 државни парцели.– Помината е една објава, две, со објава на парцели за државни плацеви, кои почнаа на лицитацијата со едно евро почетна цена, кој помалку кој повеќе, се зависи од интересот, некаде дојде до 70 а некаде до 1500, 1600 денари од парцела, но секако почетокот е со едно евро или 61 денар за метар квадратен почетна цена. Веќе во тек е нова објава, нови 25 парцели и така во континуитет општина Гевгелија ќе објавува се со цел задоволување на граѓаните, изјави градоначалникот Иван Франгов.
Проектот „Купи куќа за млади“ нуди два вида на поддршка која се состои во 80% субвенција на ратата и тоа главнина и камата во текот на осум години и уште три години субвенција од 50% на ратата или пак 100% од учеството за кредит. А во новата објава за продажба во Гевгелија понудени се 23 градежни парцели наменети за изградба на индивидуални куќи во населбите Караорман, Мрзенски рид и крај Моински пат а и две парцели за лесна индустрија кај Сува река. Како што најави градоначалникот сите преостанати парцели во континуитет ќе бидат понудувани на продажба.– Помината е една објава, две, со објава на парцели за државни плацеви, кои почнаа на лицитацијата со едно евро почетна цена, кој помалку кој