Нов кружен тек, како едноставно и современо решавање на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје на Гевгелија, ќе добие најфреквентната крстосница кај полициската станица на која сообраќајот сѐ уште се регулира со семафори, соопшти денеска општинската служба за информирање.- Со замената на постојните семафори очекуваме зголемување на сообраќајниот проток на оптоварената крстосница на која се слеваат возила од улиците во централното градско подрачје, претежно од „Слободан Митров Данко“, „Радован Ковачевиќ“ и сообраќајната артерија „7 Ноември“ нагласија од општината, појаснувајќи дека проектот е готов и оти неговата реализација ќе почне час поскоро.
Според општинскиот план за сообраќајно растоварување на прометните улици во Гевгелија, се изготвува проект за уредување на кружен тек на улицата „Моински пат“, а се спроведува и постапка за набавка на нови семафори кои ќе бидат поставени на крстосницата во близина на градските гробишта и една крстосница на булеварот во западниот дел на Гевгелија.- Со замената на постојните семафори очекуваме зголемување на сообраќајниот проток на оптоварената крстосница на која се слеваат возила од улиците