Родители ги изнајмувале своите четири ќерки, на возраст од пет, 12, 15 и 17 години, како актерки за снимање порно филмови.Според американските медиуми, 61-годишниот Рони Ли МекКол и неговата 20 години помлада сопруга Кони МекКол од Џонсон Сити безмилосно ги изнајмувале своите малолетни ќерки на сомнителни ликови со кои имале сексуални односи кои биле снимани и продавани како детска порнографија.Полицијата го открила ова грозоморно злосторство откако на улица ја пронашле петгодишната ќерка валкана, со вошки, расипани и црни заби и угризи од болви. Подоцна било откриено дека семејството живее во ужасни и нехигиенски услови.
Едно од девојчињата била однесена во Северна Каролина да снима порно филм.Случајот го презела федералната полиција. Девојчињата се сместени во центар за заштита на деца, а родителите ги чека обвинение за сексуален криминал и затворска казна од 30 години.Јавниот обвинител истакнал дека ова е најужасниот случај кој го има видено во последните 20 години.
НетпресСпоред американските медиуми, 61-годишниот Рони Ли МекКол и неговата 20 години помлада сопруга Кони МекКол од Џонсон С



