Германскиот научник и добитник на Нобелова награда од областа на физиологија, Харалд зур Хаузен, предупредува дека еден вирус кој слабо е проучен, а кој се среќава кај кравите, може да предизвика рак кај луѓето.– Сметам дека домашните животни може да бидат директни предизвикувачи на рак на дебело црево кај луѓето. Располагаме со експериментални податоци кои директно одат во прилог на оваа хипотеза. Меѓутоа, ова уште треба да се проучи – истакнува Хаузен.
И други научници порано предупредувале дека употребата на црвено месо (говедско, телешко, коњско, овчо и свинско) го зголемува ризикот од добивање на колоректален рак.
Но, Хаузен тврди дека опасноста доаѓа само со говедското, но и колку и да изгледа неверојатно и од кравјото млеко!
Традиционалното објаснување се поврзува со приготвувањето на месото, односно неговото печење на скара, а оттука и изведување на тврдењето дека токму тоа доведува до формирање на канцерогени материи.
Тој открива дека особено внимание во своите истражувања посветил на фактот дека во Монголија се јаде многу црвено месо, а ракот на дебело црево е исклучително многу редок, исто како и во Индија, каде што говедското од верски побуди фактички никогаш не се јаде.
Хаузен исто така укажува дека нивото на колоректални заболувања од рак нагло се зголемил после Втората светска војна.
Тој е убеден дека тоа најдиректно е поврзано со тоа што во тие земји особено е популаризиран увозот на говедско.
Германскиот научник додава и дека во споменатите азиски земји многу поретко се среќава рак на млечни жлезди, затоа што во нивната исхрана минимално се користи кравјо млеко и млечни производи.– Сметам дека домашните животни може да бидат директни предизвикувачи на рак на дебело црево кај луѓето. Располагаме со експериментални