Во многу намирници кои секојдневно ги консумираме е пронајдени хемикалии кои го зголемуваат ризокот од оболување од рак. Се работи за хемикалија наречена акриламид, а пронајдена е во кафето, чипсот, пржените компири, крекерите па и во некои видови детска храна. Овој опасен спој настанува со термичкото загревање во процесот на пржење. А на оваа хемикалија се најизложени децата поради нивната телесна маса.
Опасноста од акриламид е сега потврдена и од ЕФСА односно агенцијата на Европската унија, која веќе предвидува нови закони.
Во Велика Британија се произведувачите на храна се под голем притисок затоа што од една страна не сакаат да ги променат методите на обработка а од друга страна треба да ја намалат количината на акриламид.
А зошто е овој спој опасен?
„Акриламидот кој се консумира орално се апсорбира во гастро-интестиналниот трак и се дистрибуира по сите витални органи и таму се метаболизира. Така настанува глицидамидот кој е причина за многуте генетски мутации и туморите кои се забележани кај животните“ објаснува др. Диана Бедфорд која е на чело на ЕФСА одборот. Овој опасен спој настанува со термичкото загревање во процесот на пржење. А на оваа хемикалија се најизложени децата поради нивната телесна маса.&n



