Ги опиша последните моменти со неговата љубов: „Збогум. Ти ќе бидеш мојата најголема љубов“

Опишани се последните моменти со својата млада сопруга во болница, пред да го напушти овој свет. Во болницата лежела една недела без свест по тешкото запаление од астма.Лаура (34) починала по страшниот напад од астмата. Нејзиниот сопруг Петар тоа многу го повредило. Објавил на Фесјбук многу емотивно писмо во кое пишува колку ја сакал и во кое се заблагодарува на сите кои се грижеле за неа…
Тој ги опишал последните моменти со неа пред да го напушти овој свет.
 – Сакам да им се заблагодарам на сите кои ја сакате најубавата личност на светот, Лаура Левис, која е мојата жена, мојата најдобра пријателка, моја вечна сродна душа без разлика во која димензија е сеа. 
Синоќа на 4 кат на интензивната нега во болицата Кембриџ се случи нешто неверојатно. Лаура на нас ни требаше како никогаш досега, ни требаше веднаш, ги повикав сите луѓе кои минале низ нејзиниот живот и го одбележале – од луѓе од детството, пријатели, колеги, луѓе со кои вежбала во теретана, членовите на пикадо тимот, поранешни уредници, ментори, соседи ит.н…
Сите ги повикав да дојдат во болница и да ѝ кажат да продолжи да се бори, да бидат покрај неа. Не знаев колку луѓе ќе се појават, немаше многу време. Првите се појавија околу 5 часот, а потоа почнаа да доѓаат сѐ повеќе од нив. Се наполни чекалницата, а потоа почна да се полни и другата. Никој во болницата не видел такво нешто, но благодарен сум што ни дозволија. 
Лаура и јас минатиот петок планиравме да одиме на чипс и ракија. Таа се веселеше на тоа, се откажа од јаглехидратите цела недела. Нејзината деверица свиреше на гитара, нејзината кума донесе многу фотографии, а нејзиното и моето семејство се сеќаваа на сите случувања. Прераскажувавме, се смеевме и плачевме во исто време, се прегрнувавме… 
Еден по еден влегуваа во нејзината соба која беше опсипана со фотографии од нашиот живот, од нашето бајковито венчавање пред две години… Со неа беше и Пади нашата мала овцичка која ја донесовме од патувањето во Ирска. Се одмараше на нејзините прсти, со неа беше и плишаното мече кое успеав да го пронајдам во болничките продавници. 
Сите ја држеа за рака, ѝ зборуваа колку ја сакаат колку таа ги инспирирала во живото, колку е убава и секси, забавна паметна и колку голем борец е – најсилната жена која ја запознале.
Знам дека го слушна секој збор со својата прекрасна душа, кога веќе не можеше со свои уши. Мој пријател од дестсвото Брајан Андресон кој сега пее во New York Metropolitan операта, ја запеа нашата омилена песна во болницата која исто така ни ја пееше на венчавката. Сите плачеа. 
Лаура секогаш ќе биде со мене. ќе биде дел од мене. Најголем дел од мене. Љубов моја, чекај ме!Лаура (34) починала по страшниот напад од астмата. Нејзиниот сопруг Петар тоа многу го повредило. Објавил на Фесјбук многу емотивно писмо во кое пи

Пронајдете не на следниве мрежи: