„Се свртев, излегов низ врата и зад себе ги оставив синовите и сопругот. Не сакав повеќе да се вратам таму.“„Син ми наполни три години. Му беше роденден. Тоа се случи во 2001. година. Тогаш се свртев, излегов низ врата и ги оставив двата сина и сопругот…
Сопругот и јас сме заедно со години. Повеќе отколку што можете да замислите. Од нашата 17. година. Целата приказна започна откако добив понуда за работа во Јапонија. Требаше да работам на приказни за луѓе коишто преживеале атомски напад. Сакав да одам, а сопругот ме поддржуваше.
И заминав.
Одржувавме контакт преку интернет. Како што поминуваше времето, јас сѐ повеќе бев независна…
Сфатив дека таквиот живот ми одговара. По два месеци, сопругот и јас почнавме да ги преиспитуваме нашите чувства. Сфативме дека бракот се распадна. Ги прати децата кај мене, но јас едноставно не можев така да функционирам.
Беа среќни што се кај мене во Јапонија, но јас не бев. Не можев сѐ добро да вклопам и тогаш сфатив дека всушност никогаш не сакав да бидам мајка.
Ги вратив кај нивниот татко.
Се вратив од Јапонија. Живеам неколку улици подалеку од моето поранешно семејство. Децата доаѓаат кога сакаат. Тука сум за нив.
А ако ме прашувате дали ми е жал… – не ми е.“„Син ми наполни три години. Му беше роденден. Тоа се случи во 2001. година. Тогаш се свртев, излегов низ врата и ги оставив двата сина и сопр