Ги славиме Св. Јулита и Кирик: Денеска исполнете им ја секоја желба на децата!

Света Јулита беше од царски род. Беше мажена и во бракот имаше син Кирик. Кога Кирик беше на тригодишна возраст остана без татко, а Јулита без маж.Кога почнаа прогоните при Диоклецијан, Јулита беше принудена со синот да ја напушти Иконија, па се пресели првин во Селевкија, а оттаму во Тарс, во областа Киликија. Во Тарс се случи нивното мачеништво.
Света Јулита беше изведена пред суд како христијанка и ставена на маки пред очите на тригодишниот Кирик. А ова момченце воспитано во христијански дух и самото повика дека е христијанин. Управникот на градот, озлобен од ова смело исповедање на тригодишниот Кирик, го турна момченцето надолу по скалите и го уби. Веднаш потоа беше погубена и мајка му. Така се овенчаа со маченички венец свети Кирик и Јулита во 304 година.
Се верува дека Св. Кирик штити од кожни болести, па овој ден сите што имаат здравстевни проблеми со кожата се бањаат во изворите и реките.
Во некои краишта постои обичај за отстранување на страшила од нивите, бидејќи денеска не се потребни. Се верува дека Св.Кирик(Кирил) штити од птиците грабливки.
Како е ова, пред се празник на љубовта на мајката и детето, жените на денешен ден треба да избегнуваат да ги караат децата, бидејќи се верува дека во спротивно ќе бидат болни преку година.
На ова древно правило се придржуваат и останатите домашни, па на денешниот празник најмногу му се радуваат децата бидејќи денеска им се исполнуваат сите желби.
Затоа мајки поминете го денов со вашите деца. Прошетајте со нив, играјте и сакајте ги – сите ќе бидат посреќни.Кога почнаа прогоните при Диоклецијан, Јулита беше принудена со синот да ја напушти Иконија, па се пресели првин во Селевкија, а оттаму во Тарс, во

Пронајдете не на следниве мрежи: