Во сезоната на овошје имајте на ум дека праските, сливите и крушите не би требало да ги чувате во близина на зеленчукот бидејќи испуштаат гасови кои го забрзуваат пропаѓањето, и гниењето на зеленчукот.Сакате вашите намирници да ви останат свежи што подолго немате потреба да ги ставите во фрижидер и мислите дека така сте го решиле проблемот со нивната свежина.
Верувале или не, доста е важно на кое место во фрижидерот ги ставате вашите намирници. Особено внимание посветете на оние кршливите намирници.
За да се спречи ширењето на бактериите и температурата во фрижидерот треба да ја наместите измеѓу 0 и 4 степени.
Во горниот дел на фрижидерот температурата е „најстабилна“ па затоа вогорниот дел држете ги остатоците од ручекот, пијалоците, свежите зачини и намирниците кои веднаш се подготвени за употреба.
Вратата е „најтоплиот“ дел од фрижидерот па затоа во неа чувајте ги производите со природни конезерванси.
Млечните производи и јајцата немојте никако да ги држите во вратата. Без оглед на тоа што во горниот дел на вратата многу фрижидери имаат предвидено место токму за јајцата, немојте да се водите кон тоа.
Мајонезот и сокот можете да го држите во вратата додека пак намирниците како јајцата никако немојте на тоа место.
Долните полици се најладни па затоа јајцата и млечните производи сместете ги таму.
Лебот немојте никако да го ставате во фрижидер. Освен тоа внимавајте во фрижидерот да има доволно место за струење на ладниот воздух. Нека не биде претрупан.Сакате вашите намирници да ви останат свежи што подолго немате потреба да ги ставите во фрижидер и мислите дека така сте го решиле проблемот со нив



