Фудбалерот на Манчестер Јунајтед ќе стане 11-ти играч во историјата на фудбалот со четвороцифрен број на натпревари во кариерата.
Легендарниот фудбалер на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, во сабота против Норвич треба да го одбележи својот 1000-дити натпревар во својата кариера.
Гигс одигра 931 натпревар за Манчестер Јунајтед, 64 за репрезентацијата на Велс, а четири пати го облече дресот на олимписката селекција на Велика Британија.
Искусниот фудбалер кој на 29. Ноември ќе наполни 40 години, ќе стане 11-ти фудбалер во историјата на овој спорт кој одиграл 1000 или повеќе професионални натпревари во својата кариера.
Во оваа група на легендарни спортисти спаѓаат: Питер Шилтон, Реј Клеменс, Пет Џенингс, Алан Бол, Нилтон Сантош, Дејвид Симан, Паоло Малдини, Андони Зубизарета, Роберто Карлос и Хавиер Занети.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Фудбалерот на Манчестер Јунајтед ќе стане 11-ти играч во историјата на фудбалот со четвороцифрен број на натпревари во