Електричната гитара на која свиреле легендарните Џон Ленон и Џорџ Харисон на врвот од славата на нивната група Beatles, ќе биде понудена на наддавање во мај и се очекува дека ќе постигне цена меѓу 200 и 300 илјади американски долари, објави аукциската куќа Julien's Auctions во четвртокот.На гитарата од марката VOX изработена по нарачка, двајцата покојни битлси свиреле во периодот на излегувањето на албумот „Magical Mystery Tour“ и ќе биде главниот експонат на аукцијата која е организирана под насловот „Music Icons“.Џорџ Харисон во 1967 година ја користел за вежбање на песната „I Am the Walrus“, а истата година на неа свирел и Џон Ленон на видео снимањето за песмата „Hello Goodbye“. Двете нумери се наоѓаат на албумот „Мagical Mystery Tour“.Аукциската куќа Julien Auctions од Беверли Хилс објави дека гитарата во 1967 година му била подарена на Јани „Меџик алекс“Мардас, инженер за електроника во дискографската компанија „Apple Records“ во сопственост на „бубачките“.
МакфаксЕлектричната гитара на која свиреле легендарните Џон Ленон и Џорџ Харисон на врвот од славата на нивната група B