Иако вистинските летни денови полека завршуваат, раната есен е совршено време да се опуштите во потполност, да ги обновите умот и телото и да ги наполните батериите за сите предизвици што доаѓаат. Пред неколку години, „glamping“ стана многу популарна и барана форма на релаксација и мора да признаеме дека сите би го одбрале.
Балканот има неколку вакви дестинации кои можете да ги посетите, но овој пат најголемото внимание го привлече Camp Arena One 99 Glamping во Хрватска. Оваа живописна оаза се наоѓа во Помер, а она што освојува е прекрасниот поглед кон морето и убавиот ентериер на секој шатор.