Гласањето се одвива во мирна и фер атмосфера без неправилности

До 13 часот одѕивот од гласањето на денешните предвремени парламентарни избори е 34,86 проценти од обработени 3.300 од вкупно 3.524 избирачки места, соопшти на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Чичаковски.На гласање до 13 часот излегле 581.899  од вкупно запишаните 1.784.416 граѓани во Избирачкиот список.  Излезноста во првата Изборна единица е  38,35 проценти, во ИЕ 2 е  33,67 проценти, во ИЕ 3 е 38,67 проценти, во ИЕ 4 е  39,13 проценти, во ИЕ 5  е  33,55 проценти, а во ИЕ 6 одѕивот е  23,85  проценти.
– ДИК нема официјални сознанија и информациин за нарушувања на изборниот процес и гласањето се одвива во мирна и фер атмосфера, без неправилности, рече Чичаковски.
Според  портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска, до ДИК се  поднесени 20-ина приговори, а  досега разгледаните се од граѓани кои се пожалиле дека ги немало на Избирачкиот список. Од досега разгледаните приговори е утврдено дека овие граѓани биле на списокот со спорни гласачи и не поднеле  барање за пријавување во предвидениот рок, појасни Гугучевска.
Излезноста во 10 часот од денешните избори изнесуваше 9,49 проценти.На гласање до 13 часот излегле 581.899  од вкупно запишаните 1.784.416 граѓани во Избирачкиот список.  Излезноста во првата Изборна едини

Пронајдете не на следниве мрежи: