Пред неколку недели, во јавноста се појавија информации дека голем број на сопственици на новиот iPhone 6 Plus со 128GB меморија, од непознати причини, се соочуваат со замрзнување на телефонот, рестартирање или престанок на работа…Наводно, причината за овој проблем лежи во TLC NAND флеш меморијата, која се користи скоро во сите единици на 128GB верзијата на iPhone 6 Plus. Извори блиски до компанијата велат дека Apple сериозно работи на решавање на проблемот и доколку навистина е меморијата на TLC, тогаш решението ќе биде во два дела.
Пред се, компанијата веројатно ќе ги повика назад сите единици на новиот iPhone 6 Plus со оваа меморија и ќе им понуди на потрошувачите да им бидат заменети бесплатно. Оние корисници со 16GB и 64GB верзиите не се соочуваат со овој проблем, така што бројот на единици не би требало да биде преголем.
Вториот дел од решението е да се прекине користењето на оваа меморија (одлука која веќе е донесена според некои извори) и да се замени со MLC NAND. Секако, постои варијанта Apple да проба софтверски да го реши овој проблем, преку iOS 8.1.1.
Извор: gsm.mk.Наводно, причината за овој проблем лежи во TLC NAND флеш меморијата, која се користи скоро во сите единици на 128GB верзијата на iPhone 6 Plus. Изв