„Гласот на народот“: Немаме резервна држава, да го зачуваме ова единствено парче земја кое Македонецот успеал да си го создаде

Во емисијата „Гласот на народот“ на телевизија Сонце гости беа професорката Виолета Ачковска и актерот Крсте Јовановски кои разговараа за актуелната политичка состојба во Македонија, за тоа што ја очекува Македонија по изборите и какви сценарија и се закануваат. 
Јовановски, актер и кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „За подобра Македонија“ јавно го запраша Зоран Заев каде е тој да направи  консензус во поглед на црвените линии на македонската држава, додека албанските партии веќе заговараат консензус после изборите за двојазичноста.
-Го бараат гласот од народот за да му донесат отров, отров кој ќе се прошири и во понатамошниот период на нашето постоење и за 15 до 20 години ние Македонија нема веќе да ја имаме. Македонија нема веќе да постои . Слушам сите албански партии после изборите донеле консензус во рамките на Собранието да настапуваат под една идеја во поглед на двојазичноста и во она што сега ни го нуди нашиот ко бајаги Македонец, лидер на опозицијата. Јас да го прашам Заев ако сега ако овие заедно прават консензус за нивната кауза каде е тој да направи консензус во поглед на црвените линии на македонската држава . Ова ли се нивните црвени линии федерализација двојазичност, рече Јовановски.
Професорката Ачковска во врска со зачувувањето на унитарноста на државата рече дека како професор сите свои студенти без разлика на вера и националност ги учи дека друга татковина освен Македонија немаат и затоа треба да ја чуваат.
-Немаме резервна држава  и затоа се трудам  и се борам да остане ова единствено парче земја  кој Македонецот успеал да си го создаде како свој дом во историјата. Македонската историја е многу тешка . Треба сите до еден да застанеме на националниот фронт и да си ја одбраниме унитарноста на татковината а со тоа ќе го зачуваме мирот, рече Ачковска.
Професорката ја коментирше изјавата на Заев во Швајцарија  и посочи дека тоа е класичен повик ја граѓанска војна.
-И името некој ако се осуди да го промени и тоа е ризик за да имаме граѓанска војна. Да се отвори уставот, значи да се отвори пандорината кутија . Господинот Заев отвори една многу тешка тема, една пандорина кутија со голема неизвесност за Р. Македонија и затоа овие избори се фактички референдумот за Македонија, дали ќе биде унитарна држава или ќе биде некоја разнебитена држава од која ќе нема ни траг ни глас, истакна Ачковска.
Според неа идејата е Македонија да биде централна балканска федерација .
– Уште од шеесеттите  година Енвер Хоџа и Тодор Живков ги правеа договорите за поделба на Македонија, северот и југот ќе седат мирно нас да не делат  западот и истокот. Зошто Заев одеше во Приштина и во Софија, зошто сега отиде кај албанската дијаспора . Значи таа идеја за Голема Албанија за поделба на Македонија не е од сега , таа е стара 100 години. Но последните години и сега овие 2-3 години многу е актуелизирана и  е силен притисокот врз сите институции на македонската држава. Тие треба да бидат срушени за да има село без кучиња и да се разнебити државата. Целото тоа што се случува од одбивање да се признаат изборите, фантомски гласачи до оние монтирани, лепени разговори . Но за среќа македонскиот народ е многу жилав, иако ни ја тресат државата. Сега е време да кажеме доста е и да се избориме за Македонија, рече Ачковска.
Според Јовановски ова сценарија за дестабилизација на Македонија било направено многу порано и требало да го имплементира поранешниот лидер на СДСМ Бранко Црвенковски,  но тој како политичар од тврд материјал го одбил и за негово исполнување се погрижил е  егзибиционистот Заев.
Посочи дека Заев е единствениот аболициран политичар кој не сака да поднесе барање до Иванов да му се тргне аболицијата и  фрла боја врз спомениците и овие 10 години тој и неговата партија ниту еднаш не кажале дека нешто добро било направено во Македонија.
За Ачковска СДСМ е една несериозна политичка партија која се служи со детски сценарија и која никогаш  не направи политичка програма.
Таа изрази уверување дека македонскиот народ ќе покаже лубов кон татковината на 11 декември масовно ќе излезе на референдум за унитарна Македонија, за името и за нашиот идентитет.
-Ние мора да имаме национален консензус, национална црвена линија за сите граѓани на оваа држава, не само за Македонците туку за сите граѓани. Прашањата за името ,унитарноста , за идентитетот  се прашања за кои нема пазарење и секој интелектуалец треба да застане зад ова наша држава, наше име кое на никој не го даваме, потенцираше Ачковска
  
Јовановски, актер и кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „За подобра Македонија“ јавно го запраша Зоран Заев к

Пронајдете не на следниве мрежи: