Тригодишно девојче од Кина страда од хидроцефалус, поради што нејзината глава била толку многу голема што не можела да ја крене од перница. Сега добила нова глава благодарение на 3Д печатач.Хан Хан (3) од Кина, стана првата личност на која ѝ е трансплантиран череп со 3Д печатач.
Девојчето страда од хидроцефалус, тн. синдром на водена глава – состојба поради која главата трипати ѝ е поголема од нормалната. Болеста на Хан Хан напреднала до тој степен, што не можела да ја крене главата од перница, а течноста ѝ исполнила повеќе од 80% од мозокот.
Лекарите во Втората народна болница во провинцијата Хунан ѝ дале нова надеж за живот по 17-часовна операција со која ѝ трансплантирале череп од титаниум. Черепот бил посебно дизајниран и испечатен со 3Д печатач.
За Хан Хан се грижи нејзиниот татко, бидејќи мајката ги оставила кога имала само година дена. Благодарение на донациите, тој успеал да собере 100.000 кинески јуани, а лекарите процениле дека операцијата ќе чини помеѓу 400.000 и 500.000 јуани (3.000-4.000 евра).
Како што ќе расте Хан Хан, така и нејзиниот титаниумски череп ќе расте со нејзината коска и дополнително ќе зајакне. Лекарите предвидуваат дека таа во целост ќе закрепне, пренесе Medical Daily.
Хан Хан (3) од Кина, стана првата личност на која ѝ е трансплантиран череп со 3Д печатач.
Девојчето страда од хидроцефалус, тн. синдром на



