Главна причина за крај на врската: Овните се чувствуваат загушени, Девицата ги презира неамбициозните, а Стрелецот мрзеливите!

Ова се главните причини за крај на „емотивните“ врски…Овен: посесивност. Овните не можат да ја поднесеат посесивноста на партнерот бидејќи се значително независни и сакаат да имаат свој сопствен живот надвор од врската. Затоа, се чувствуваат загушени.
Бик: непочит. Премногу сте горди и имате исклучително високи стандарди, па така, секој кој не ве цени ќе биде исфрлен од вашиот живот. Без разлика на тоа колку ја сакате таа личност, никогаш нема да гледате на неа на ист начин, ако ви покаже непочит, па дури и тоа да е само еднаш.
Близнаци: Резервираност. Не можете да бидете со некој кој не е дружељубив, бидејќи сакате активен социјален живот. Имате многу пријатели и познаници и потребен ви е партнер кој е во состојба да се снајде со овој вид на социјален притисок. Оној кој е мрзелив или повлечен нема да одговара на вашиот социјален живот.
Рак: Затвореност. Не можете да бидете со некој кој е резервиран и крие работи од вас. Емоционални сте и интуитивни и сакате да бидете во можност да разговарате со партнерот и да му помогнете ако минува низ тежок период. Оној кој не може да ви се отвори,  нема да биде во можност да ви ја даде силната емотивна врска што ви е потребна.
Лав: Срамежливост. Секогаш сте во центарот на вниманието и иако не можете да бидете со некој кој ви го краде вниманието, не можете ни да бидете со некој што нема да се обиде да ви го украде. Самоуверени сте и сакате партнер што на некој начин ќе ви даде предизвик.
Девица: Неамбициозност. Важни ви се кариерата и успехот. Сакате партнер кој е на иста бранова должина, кој ги сфаќа вашите цели но има и свои. Ако сте во врска со неамбициозна личност, секогаш ќе чувствувате дека нешто големо недостасува во вашата врска и во вашите секојдневни разговори, бидејќи тоа е она за кое сакате да разговарате.

Вага: Негативност. Вие сте позитивна личност и секогаш тврдите дека утре е подобар ден. Затоа не можете да поднесете негативен или драматичен партнер. Сакате да бидете опкружени со добри вибрации и добра енергија, па затоа, за вас не доаѓа во предвид да бидете со личност што ви ја исцрпува енергијата.
Скорпија: Лажење. Можете да ги прифатите сите мани на партнерот, освен лагите. Лажењето за вас значи крај на врската и тоа е веројатно најбрзиот начин да ве изгубат, дури и ако лагата е добронамерна. Ја цените искреноста и никогаш не би опростиле лага.
Стрелец: Мрзеливост: Не можете да бидете со мрзелива личност, секогаш сте во движење и во потрага за следната екстремна авантура. Ако партнерот не држи чекор со вас, веројатно и понатаму ќе ги правите овие работи без него. Ви треба некој енергичен за да го пополните својот брз начин на живот.
Јарец: Неодговорност. Не можете да бидете со некој кој не знае како да биде одговорен или со некој кој не знае што сака. Знаете што сакате и секогаш го добивате тоа, сакате некој кој може да се грижи за вас, бидејќи и вие секогаш се грижите за сите останати.
Водолија: Практичност. Како ќе зборувате за своите ексцентрични идеи и соништа ако имате реален партнер? Вие сте неконвенционални, бунтовни и малку бизарни и не можете да бидете со некој кој не ја поттикнува вашата креативна црта. Ви треба некој кој може да сонува со вас и да ги поддржува вашите најлуди сништа, па дури и ако не ги разбира.
Риби: Нечувствителност. Многу сте чувствителни, па негрижата за вашите чувства е доволна причина за да си заминете. Не можете да бидете со некој кој е себичен, потребен ви е некој кој има големо срце.Овен: посесивност. Овните не можат да ја поднесеат посесивноста на партнерот бидејќи се значително независни и сакаат да имаат свој сопствен живот

Пронајдете не на следниве мрежи: