Главна заслуга за намалување на невработеноста има проектот „Македонија вработува“

Продолжуваат успешните проекти со цел отварање нови работни места. Еден од нив е и проектот “Македонија вработува 2“ со кој се очекува да се отворат нови од 15 илјади до 20 илјади работни места. Втората фаза треба да почне кон крајот на месецов или почетокот на наредниот. За реализација на проектот, што ќе се одвива под мотото „Борбата за работни места продолжува“, на владина седница се усвоени измени на законите за вработување и осигурување во случај на невработеност, за пензиско и инвалидско осигурување и за здравствено осигурување.Главна заслуга за намалување на невработеноста има проектот „Македонија вработува“
Продолжуваат успешните проекти со цел отварање нови работни места. Еден од нив е и проектот “Македонија вработува 2“ со кој се очекува да се отворат нови од 15 илјади до 20 илјади работни места. Втората фаза треба да почне кон крајот на месецов или почетокот на наредниот. За реализација на проектот, што ќе се одвива под мотото „Борбата за работни места продолжува“, на владина седница се усвоени измени на законите за вработување и осигурување во случај на невработеност, за пензиско и инвалидско осигурување и за здравствено осигурување.
 
Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски изјви дека со спроведувањето на проектот во тек на една година и очекуваните 15 до 20 илјади работни места значително ќе се придонесе за дополнително намалување на невработеноста, развој на домашните компании и генерално за економски прогрес на државата. Со проектот се предвидува ослободување од плаќање придонеси и давачки за работодавачите кои ќе вработат лица поделени во пет категории.
– Потребните буџетски средства за реализација на проектот ќе бидат обезбедени во рамки на трансферите што ги правиме кон Фондот за пензиско осигурување како во изминатите години, така што нема потреба од загриженост дека ќе недостасуваат средства за реализација на проектот. Во делот на ослободување од персоналниот данок, тоа е откажување од некои идни приходи кои сега не постојат, така што тоа нема влијание врз буџетот, рече Пешевски.
 
Кои ќе бидат корисници?
Првата категорија, што ќе може да го користи проектот, се невработени млади до 35 години за кои работодавачот ќе биде ослободен од плаќање придонеси и персонален данок три години. Пред вработувањето не треба да имаат заснован работен однос најмалку три месеци, a работодавачот е должен да ги задржи на работа уште 12 месеци по истекот на периодот за кој што е ослободен од плаќање придонеси.
Втората категорија се долгорочно невработени од 35 до 50 години за кои има ослободување од придонеси пет години.Услов е лицето во последните 15 години да било најмногу пет години во работен однос и најмалку три месеци пред вработувањето да немало заснован работен однос согласно со мерката. Работодавачот е должен да го задржи лицето уште најмалку 12 месеци по истекот на периодот за којшто е ослободен од плаќање придонеси или вкупно најмалку 6 години.
Со третата категорија се опфатени невработени над 50 години за кои ослободувањето од придонеси е 60 месеци. И за нив има услов најмалку три месеци пред вработувањето да немаат заснован работен однос.
Четвртата категорија се невработени над 58 години, во последните две години без вработување. За нив работодавачот ќе биде ослободен од плаќање придонеси до остварување на правото на старосна пензија.
Петтата категорија, пак, се невработени лица со социјален ризик (лица со инвалидност, родители на деца со пречки во развојот, самохрани родители,родител во еднородителски семејства, родители на три и повеќе деца, како и поранешни професионални војници). Ослободувањето од плаќање на придонеси ќе биде пет години, а не треба да бидат во работен однос три месеци 60 месеци пред вработувањето.
Поволностите од проектот, како што појасни министерот Спасов, ќе може да ги искористат фирми кои редовно плаќаат даноци, плати и придонеси за вработените. Невработеното лице кое работодавачот ќе сака да го вработи во последните две години не треба да било претходно вработено кај работодавач кој ќе ја користи мерката за ослободување од плаќање социјални придонеси и персонален данок на доход или кај работодавач кој има сопственичка, организациска и управувачка поврзаност со работодавачот што ја користи мерката. Воедно, наведе Спасов, не треба да го намали бројот на вработени сметано од 15 мај годинава до денот на вработување на нови работници освен во случај на смрт или пензионирање. Доколку работодавачот го зголеми бројот на вработени сметано од 15 мај годинава до денот на вработување на нови работници не треба да го намали вкупниот број на вработени до денот на вработувањето на нови работници и да нема неисплатени плати, придонеси од задолжително социјално осигурување и даноци повеќе од два последователни месеци.
“На барање на бизнис заедницата и поаѓајќи од начелото дека борбата за нови работни места треба да продолжи ќе продолжиме да им помагаме на младите луѓе да дојдат до своето прво работно место и да создадат предуслови за создавање семеен живот, но и на оние кои долго чекаат работа, како и на повозрасните категории граѓани кои многу потешко стапуваат на пазарот на трудот и кои пред почнувањето на проектот „Македонија вработува“ не беа конкурентни, а сега се. Од особено значење е вработувањето на социјално ранливите категории кои ќе може да живеат од сопствениот труд што им го нуди проектот „Македонија вработува“ како огромна шанса, рече Спасов.
 
„Македонија вработува“, се покажа како најуспешен проект за намалување на невработеноста.
За една година од неговото спроведување во над десет илјади компании се вработени 19 илјади лица од различни категории кои подолг временски период бараа работа. Таа бројка, одговара со отворање на 12 компании со по 1.600 нови работни места, по една во секој месец од спроведувањето на проектот.
 
Македонија вработува погоди во целта
Со цел поголема искористеност, проектот од страна на Агенцијата за вработување беше претставен во сите општини во земјава. Првиот проект кој се реализираше од април 2015 до април 2016 година беше пријатно пречекан од страна на бизнис заедницата, а позитивни оценки дадоа и економските експерти.
“Со ова ќе се намалат трошоците за водење бизнис, бидејќи секое вработување, намалено за социјалните придонеси е своевидна директна помош. Ова е можност за компаниите да селектираат добра работна сила“ – оценува првиот човек на Конфедерацијата на работодавци, Миле Бошков.
„Субвенционирањето, односно ослободувањето од придонеси во одреден дел е мерка која влијае на активната политика на вработување, со цел да се активираат ресурсите и да се намали стапката на невработеност“ – објаснува професорот Јован Пејковски.
“Голема благодарност до овој проект Македонија вработува. Откако останав без работа во претходната фирма, долго време барав работа,никој не сакаше да ме вработи затоа што бев стар. Откако мерките од проектот почнаа да се реализираат бев повикан во една фирма и ми беше понудена работа, ја прифатив и сега работам. Задоволен сум“ вели за Лидер Стефан Јованов од Скопје.
“Проектот го искористив за вработување на сметководители од 50 до 58 години, а бенефитот е тоа што ќе го искористи овој проект до пензија, сметам дека овој проект е многу добар и за фирмата и за вработените на кои им се потребни бенефиции, искористивме и претходно и други проекти, фирмата постои едната 6 години, а втотата е формирана од јануари преку која го искористив вработувањето и тука имам вработување до 29 години“ изјави Наташа Лукиќ, сметководствено биро А – НАКАУНТ – Битола.
 
Невработеноста на најниско ниво од осамостојувањето на Македонија
“За време на спроведувањето на проектот од првиот квартал лани до првиот квартал годинава невработеноста е намалена за 2,8 проценти, а токму проектот „Македонија вработува“ е главниот двигател на намалување на невработеноста и отворање нови работни места, рече Пешевски.
Во првите три месеци од годинава се вработиле нешто над 30 илјади лица, повеќе во споредна со истиот период лани.
Ова го покажува последниот извештај на државниот завод за статистика. Континуираното намалување на невработеноста ја спушти стапката на 24,5% , што претставува најниско ново од осмостојувањето на Македонија. Пред 10 години во земјава невработеноста изнесуваше 38%.
Податоците покажуваат дека за десет години бројот на невработените граѓани релиси во сите градови низ земјава е преполовен.Во Скопје од 86 илјади невработени во 2006-та сега има 44 илјади , во Битола од 20 илјади во моментов има 11 илјади невработени , во Велес од 15 на 7 илјади.
Според податоците на Агенцијата за вработување во моментов на располагање се 7 слободни работни места. На пазарот на труд најмногу се бараат кадри од техничките дејности, но и од услужните дејности , продажбата на големо и мало, но има потреба и од економските и правните струки.Главна заслуга за намалување на невработеноста има проектот „Македонија вработува“
Продолжуваат успешните проекти со цел отвара

Пронајдете не на следниве мрежи: