Главниот центар за регрутирање на ИСИС се наоѓа во Германија!

Главна локација каде што Исламската држава регрутира нови членови кои што подоцна заминуваат на боиштата во Сирија и Ирак е главниот град на Германија, Берлин.Регрутираните покрај со верски и идеолошки теми, се привлекуваат и со финансиски ветувања и можности идните борци да можат да присвојат вредности за време на воените акции.
Според весникот „Нојес Дојчланд“ главната база за регрутација на потенцијални борци на ИД е Берлин каде што полицијата извршила неколку потраги по осомничени исламски активисти кои што се осомничени за „планирање сериозни субверзивни активности“ и „нелегално поседување оружје“. Еден од осомничените на интернет поставил фотографија на која се сликал со автоматска пушка „калашников“ и најавил дека планира да замине за Сирија.
Весникот „Берлинер Цајтунг“ објави дека во берлинското метро се пуштани пропагандни песни на ИД и биле дистрибуирани летоци со повик за заминување во Сирија.
Од околу 670 членови на салафистички екстремни групи во Берлин, околу 350 се сметаат за ориентирани кон насилство, а против 100 од нив се преземени специјални истражни мерки.
Според германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мазиер, околу 760 германски граѓани се дел од ИД, а една петина од нив се жени кои што не учествуваат во борби туку на друг начин помагаат террористички акции.
Најголем дел од нив се на возраст од дваесетина години родени се во Германија, а имаат германско или двојно државјанство.
Околу 120 од нив веќе загинале во Сирија или Ирак, а околу 200 веќе се вратени во Германија и претставуваат потенцијална опасност за германската безбедност.Регрутираните покрај со верски и идеолошки теми, се привлекуваат и со финансиски ветувања и можности идните борци да можат да присвојат вредности з

Пронајдете не на следниве мрежи: