Магазинот Тајм го прогласи Стив Бенон за највлијателен соработник на Трамп. Неговиот сајт, Брајтбарт, почна огромна кампања против делувањето на Џорџ Сорос во Америка, Унгарија и Македонија.Ова за аналитичарите значи дека медиумот кој прв го поддржа Трамп во неговата кампања ја најавува политиката на новиот американски претседател кој има интенција да се спротивставува на делувањата на Сорос ширум светот
Веб-страницата на главниот советник на Трамп, Стив Бенон, breitbart.com, застанува во отворена борба против Џорџ Сорос и неговата фондација во Америка, но и во Унгарија и Македонија.
Бенон беше главен уредник на овој сајт со години, а денес е сопственик работи како советник на Трамп, според медиумите како Си-Ен-Ен и Њу Јорк Тајмс, токму Бенон е еден од главните мозоци во политиките на новиот американски претседател.
Според Брајтбард, групите и НВО организациите кои се финансирани од Сорос планираат “спонтани” протести низ САД во март, налик на оние кои беа во Македонија. За ова биле пуштени огромни финансиски средства од Џорџ Сорос, преку мрежата на над 50 невладини организации кои всушност се обични партиски филијали на демократите во Америка.
Како што пишува страницата на “мозокот# на Трамп, спонтаните протести се планираат во главниот град на САД, Вашингтон, но и во 60 други градови низ САД.
-За тоа веќе се пуштени големи финансиски средства од Сорос, преку октоподот на повеќе од 50 “независни” и “граѓански” организации, кои се всушност обични партиско-идеолошки филијали. “Спонтаните# протести на Сорос се планираат во главниот град Вашингтон и во 60 други градови низ САД, пишува “Брајтбарт”.
Дури шест од осумте групи кои стојат зад организацијата на протестите се или финансирани од Сорос или пак на некаков начин поврзани со неговото “Отворено општество#. Меѓу нив е и организацијата “Мове он# формирана и финансирана од Џорџ Сорос и на чиј сајт стои дека тие организирале над 200 протести во Америка по изборот на Доналд Трамп за претседател.
Наводна причина за протестите кои соросоидите ќе ги организираат во САД е таканаречениот “Даночен марш#, на кој ќе учествуваат активисти на овие невладини организации, кои ќе се претставуваат како обични луѓе.
Брајтбарт открива дека организацијата која стои зад протестите “Американци за фер даноци# е постојано на платен список на Сорос. А тука е и организацијата Мув Он, заедно со Американската федерација на наставници и Центарот за популарна демократија кои постојано добиваат пари од Сорос.
-Центарот за Популарна демократија е воден од активисти кои се поврзани со Сорос. Во 2013, Марбл Стахли стана адвокат на Сорос со десетици проекти годишно кои варираат од 58.000 долари, па се до 110.250 долари – пишува Брајтбарт.
Сајтот открива и уште десетици други примери на организации и активисти кои работат за Сорос, а против Трамп.
Бенон и Трамп ја советуваат Унгарија да ги забрани организациите на Сорос
Медиумската куќа “Брајтбарт” на главниот советник на Доналд Трамп, Стив Бенон ги најави новите закони во Унгарија со кои се воведува јавност, отчетност и транспарентност во финансирањето на НВО мафијата на Џорџ Сорос.
Унгарската владејачка партија до законодавството ќе предложи легислативи преку кои ќе ги принуди невладините организации да го откријат изворот, висината на паричните средства кои ги добиваат, како и целта на финансирањето, пишува “Брајтбарт”.
Лајош Коса од конзервативната партија ФИДЕС на премиерот Виктор Орбан, во петокот изјави дека намерата е да се расветли начинот на финансирање на групи од странски извори, кои се обидуваат да влијаат во Унгарија. Коса рече дека Нацрт-законот ќе биде поднесен до парламентот следниот месец.
Унгарскиот премиер Орбан постојано ги критикува невладините организации финансирани целосно или делумно од филантропот Џорџ Сорос, опишувајќи ги како “странски агенти” кои сакаат да го поткопаат авторитетот на избраните претставници. Локалната канцеларија на “Транспаренси Интернешнл”, Унгарската унија за граѓански слободи и унгарскиот Хелсиншки комитет се посочени од страна на Владата на Орбан.
На Банон му светна црвена сијаличка и за Македонија
Пред 3 дена интервју за медиумската кука “Брајтбарт# имаше македонскиот новинар Цветин Чилиманов од “Стоп Операција Сорос”, во кое истакна дека организациите поддржани од Сорос и УСАИД се обидоа да палат државни институции и повредија десетици полицајци во Македонија.Брајтбарт најави дека “ќе продолжи да известува за активностите на Џорџ Сорос во Македонија и во источна Европа, и неговите обиди да донесе левичарски партии на власт, како и да го истражува финансирањето на невладините на Сорос со пари од американските даночни обврзници со што е извршена злоупотреба на овие средства.
-Поранешната комунистичка партија во Македонија, СДСМ практично веќе се има споено со широката мрежа на невладини организации финансирани од Џорџ Сорос. Десетици и десетици НВО организации делат приближно пет милиони долари годишно од Сорос, што е веројатно најмногу пари по глава на жител од било која држава во која Сорос е активен. Дополнително, тие добиваат дополнително уште неколку милиони долари од САД, главно преку организацијата УСАИД, како и од други амбасади во Македонија како британската или холандската, изјави Чилиманов.
Тој додаде дека при протестите организирани и поддржани од СДСМ и организациите на Сорос, насилниците за малку ќе ја запалеа канцеларијата на претседателот на државата, го нападнаа министерството за правда, се обидоа да упаднат во Владата и во Собранието и повредија десетици и десетици полицајци во насилни протести што ги организираа во изминатите две години.
-Дури го правеа ова, добиваа финансиска поддршка од американската амбасада која ја политизираше својата улога во Македонија, рече Чилиманов.
Кој е Стив Бенон?
Бенон беше главен и одговорен уредник на “Брајтбарт” од 2012 до 2016 година. “Брајтбарт# е еден од првите позначајни конзервативни сајтови кој го поддржа Трамп во кампањата, уште во раната фаза. Бенон како уредник повеќе пати го интервјуираше Трамп за време на кампањата, а сега радио интервјуата ги води Ли Странахан”.
Летото 2016 година, Бенон го напушти “Брајтбарт” и стана директор на кампањата на Трамп, по што сега е прв и најблизок советник на Трамп. Интервјуто со Чилиманов го спроведе токму Странахан, најблискиот соработник и пријател на Бенон од “Брајтбарт“
Лее Странахан и Бенон се пријатели долги години и најблиски соработници. Заедно имаат снимено 3 конзервативни документарци. Бенон беше на насловната страница на “Тајм” магазинот пред 2 недели.
Ова за аналитичарите значи дека медиумот кој прв го поддржа Трамп во неговата кампања ја најавува политиката на новиот американски претседател кој