Џастин и Ејми налетале еден на друг преку сајт за запознавање. Но, всушност, тие се знаеле уште од многу одамна. Дури и тогаш биле во „врска“, но не се сеќаваат. Како е тоа можно?Овој пар се има запознаено преку сајт. Кога Џастин ја здогледал Ејми, веднаш посакал да ја запознае. Како што вели, нешто одвнатре го привлекло.
Веднаш ѝ пратил порака и почнале да се допишуваат и слушаат преку телефон. Откако се запознале преку пораки, посакале и да се видат во живо и следувало првото излегување. Веќе при првата средба со Џастин, Ејми почувствувала дека „гледа во човекот за кого ќе се омажи“.
Почнале да се гледаат скоро секој ден по првиот состанок и брзо се вљубиле еден во друг. Непосредно пред годишнината од нивната врска, сфатиле дека љубовта меѓу нив всушност „трае“ уште од најраните денови.
Џастин и Ејми израснале во ист град. Се преселиле, секој на своја страна. Многу години подицна, тие повторно се сретнале во ист град.
„Бевме во автомобил и Џастин ми рече дека го сака моето име, бидејќи во градинка имаше симпатија којашто така се викаше. Се пошегував дека не сакам да слушнам ништо за неа, со оглед дека тоа не бев јас“, рекла Ејми.
Сепак, го продолжиле разговорот на таа тема и брзо сфатиле дека и двајцата оделе во иста градинка. По враќањето дома, тие ги побарале фотографиите од детството и тогаш следело изненадување. Симпатијата на Џастин од мали нозе е всушност Ејми со која година дена се во врска.
Неговата мајка ја пронашла нивната фотографија кога биле мали. Тогаш имале три години.
„Почнав да плачам. Бев многу возбудена. Јас сум таа Ејми. Дефинитивно ни е судено да бидеме заедно“, рекла Ејми.
Триесет години по првата љубовна авантура, тие се подготвуват за нова – брак!Овој пар се има запознаено преку сајт. Кога Џастин ја здогледал Ејми, веднаш посакал да ја запознае. Како што вели, нешто одвнатре го привлекло.



