Гледањето филмови за возрасни води до сексуални проблеми

Сѐ повеќе млади луѓе страдаат од различни проблеми поврзани со сексуалното здравје поради гледање порнографија на интернет, предупредува водечката британска специјалистка по психосексуална терапија Анџела Грегори.Според нејзините информации, бројот на мажи на возраст од околу 20 години коишто страдаат од еректилна дисфункција, во последните години непрестано се зголемува.
Според Грегори, за тоа придонесува растечката зависност од гледањето на порнографија на интернет.
„Во последните 16 години, особено во последните пет, се бележи зголемување на бројот на млади луѓе кои се испраќаат кај нас“ – рекла Грегори.
„Нашето искуство покажува дека порано мажите, коишто беа испратени во нашата клиника поради еректилна дисфункција, беа постари и нивните проблеми беа поврзани со дијабетес и кардиоваскуларни заболувања“ – додава таа.
Според нејзините зборови, сега на психосексуална терапија се подложуваат млади луѓе кај кои не се набљудуваат очигледни проблеми со здравјето.
„Поради тоа, едно од прашањата кои секогаш поставувам е влијанието на порнографијата и навиката да мастурбираат, бидејќи токму тие можат да предизвикаат проблеми со ерекцијата“ – објаснува докторката.
Според истражувањето спроведено во САД во 2014 година, речиси половина од анкетираните млади луѓе на возраст меѓу 18 и 29 година за првпат се сретнале со порнографијата кога уште не наполниле 13 години.Според нејзините информации, бројот на мажи на возраст од околу 20 години коишто страдаат од еректилна дисфункција, во последните години

Пронајдете не на следниве мрежи: