Глетка која ја потресе Британија: Објавена фотографија од кралицата во став на нацистички поздрав!

Бакингамската палата изразила разчарување поради тоа што британскиот таблид „Сан“ објавил фотографија од 1933 годинa на кои се гледа дека тогашната принцеза, британската кралица Елизабета Втора отпоздравува со нацистичкиот поздрав.Насловната страница на таблоидот „Сан“ ја покажува кралицата , која на фотографијата има само 6 години, како ја подига десната рака во воздух во стилот на нацистичкиот поздрав, еднакво како и нејзината мајка, покојната Кралица мајка, пренесува агенцијата „Асошиејтид прес“.
– Разочарувачки е тоа што фотографијата е снимена пред осум децении, која изгледа дека потекнува од личната архива на Нејзиното кралско височество, се експлоатира на ваков начин – изјавил портпаролот на Бакингамската палата.
Се чини дека луѓето на фотографијата, вклучувајќи ја и кралицата Елизабета, Кралицата мајка и принцезата Маргарет, од страна ги поттикнува  да го направат  нацистичкиот поздрaв, вујкото на Елизабета Втора, кралот Едвард Осми.
Некои британски историчари тврдат дека тој бил симпатизер на режимот на Адолф Хитлер, кој го сретнал во Германија во 1937 година, откако година дена порано абдицирал за да може да се ожени со разведената Американка Волис Симпсон.
Извори од Палатата инсистираат на тоа дека кралицата не може да биде запознаена со значењето на тој гест со оглед на тоа што била дете, но дека тие фотографии би можеле да предизвикаат голем скандал за 89-годишната британска кралица.Токму таблоидот „Сан“ пред десет години објави фотографија од принцот Хари вo униформа со кукаст крст на една костимирана забава. Принцот Хари, кој е петти во редот за британскиот престол подоцна се извинил за тоа.Насловната страница на таблоидот „Сан“ ја покажува кралицата , која на фотографијата има само 6 години, како ја подига десната рака во

Пронајдете не на следниве мрежи: