Димитар Димовски обвинет во „Топлик“ – во мене гледајте го Миле Јанакиевски

Најблискиот соработник на Мицковски и бизнис партнер во фирмите со ХИДРОЦЕНТРАЛИТЕ истовремено, Димитар Димовски, е дел од обвинетите во процесот ТОПЛИК. Истовремено како што дознаваме е еден од највлијателните „играчи“ во „Белата палата“. Се чини на Мицковски не му пречи тоа што е опкружен со прилично „компромитирани“ ликови?!
Судењето за предметот „Топлик” денеска продолжи со испрашувањето на сведок од случајот, вработена во Министерството за транспорт и врски која членувала во комисијата за јавно наддавање. Таа првично го одбила барањето земјиштето за Сончев град кај Сопиште да се стави во продажба поради некомплетна документација.
Вработената на денешното сведочење изјави дека обвинетиот Димитар Димовски бил оној кој ги пренесувал пораките помеѓу комисијата и тогашниот министер, сега обвинет во случајот, Миле Јанакиески.
– Димитар Димовски беше вработен во Министерството и ни викаше: „Во мене гледајте го министерот јас ги пренесувам пораките за предметот“, изјави таа. Обвинетиот Димовски често доаѓал да им укаже на членовите да работат побрзо во однос на собирањето податоци за земјиштето со цел работата да се заврши побрзо. На претходното рочиште сведокот истакна дека членовите на комисијата за наддавање побарале да бидат разрешени од истата поради тоа што иако документацијата за земјиштето не била комплетна, Јанакиески барал од нив земјиштето да биде ставено на продажба.
На прашање на обвинителот од СЈО што констатирала Комисијата, сведокот рече дека документацијата била некомплетна и затоа не може да се донесе одлука за јавно наддавање.
„Немаше нумерички податоци за сите градежни парцели, немаше уверение за движење на катастарските парцели”, рече сведокот. Првообвинет во овој предмет е и Миле Јанакиески. Во „Топлик“ се обвинети и Томе Ѓурчилов и Димитар Димовски, како и уште четири други лица, членови на Комисијата за јавни наддавања при Министерството за транспорт и врски како соизвршители. СЈО ги обвини дека тие ја злоупотребиле службената положба и овластувањето и го оштетиле буџетот за приближно 1 милион евра при продажба на земјиште за месноста Сончев Град во Сопиште.
Обвниителството ги гони дека иако надлежната комисија во Министерството укажала дека не може да се продава земјиштето за Сончев Град, Јанакиески експресно формирал нова комисија, која дозволила да биде објавен огласот за продажба. Притоа бил склучен и купопродажен договор со фирмата Сан сити во 2007 година, кој четири години подоцна бил спогодбено раскинат. Во овој случај Апелациониот суд одлучи доказ да бидат и 11 бомби на СЈО.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.