Меган Грин отсекогаш го замислувала местото за својата венчавка како дестинација на која нејзините гости едвај чекаат да дојдат, нешто европски и шик, со голем број на луѓе. Размислувала за Париз како едно од најромантичните дестинации, откаде е и нејзиниот вереник.Меѓутоа, од различни причини на крај морала да се согласи да направи локална свадба, но не се откажала од елеганцијата и гламурот кој го посакувала.
– Мојот вереник и јас ќе се венчаме во сабота во Њујорк во една од најубавите цркви во градот. После тоа ќе одиме на прием во еден од најпознатите ресторани во светот. Џез квартет ќе свири за нашите гости, а ќе се служи француска кујна и шампањ. Сѐ ќе биде бело, а зборовите кои ги повторив на сите кои беа вклучени во организацијата беа: свежо, модерно, елегантно, рекла несвестата.
Поради сето тоа, наводно Меган одлучила да им забрани на гостите една работа – да ги носат децата!
– Не е дека не сакам деца. Имаме седум деца од по 15 години од моето семејство, а речиси половина од нашите пријатели имаат по едно или повеќе деца помлади од три години. Откако се веривме знаевме дека тие деца колку и да ги сакаме, нема да бидат поканети на свадбата, објаснила таа.
Меган истакнала дека тие биле први од нивниот круг кои направиле такво нешто, но другите сите имале поопуштени свадби за разлика од нив. Поради тоа забележав дека родителите не можат да се опуштат кога мораат цело време да се грижат за децата, па не обрнуваат внимание на невестата и младоженецот.
– На венчавката на мојата роднина размазено дете трчаше низ олтарот за време на церемонијата, плачеше и врескаше и неговите родители мораа порано да си одат. Целосно им се упропасти денот и го уништи клучниот момент за невестата и младоженецот. Може да кажете дека сум себична, но на моето венчавање сакам да бидам во центарот на вниманието, искрена била таа.
Исто така таа додава дека венчавките се за возрасни, а не за мали деца.Меѓутоа, од различни причини на крај морала да се согласи да направи локална свадба, но не се откажала од елеганцијата и гламурот кој го посакувала