Дека е вкусно – малку е да се каже!Ако сакате пире, можете да припремите главно јадење и гарнир заедно.
Ви предлагаме оригинален рецепт за „гнезда од компир“ кои нема да ви одземат многу време, но домашните, особено децата или вашите гости ќе останат воодушевени со ова јадење.
За подготовка ќе ви биде потребно:
– околу половина килограм компири
– 1 главица кромид
– 1 чешне лук
– 1 јајце
– 50-70 гр тврдо сирење
– 200 – 250 гр ситно сецкано пилешко месо
Начин на подготовка:
Сварете го компирот, испасирајте го, додадете го јајцето и направете пире (матејќи со миксер). Оставете да се излади.
Кромидот ситно исецкајте го, издинстајте го и додадете го пилешкото со лукот. Динстајте додека не биде готово.
Прекријте го садот со хартија за печење, премачкајте го со малку масло или путер. Од пирето формирајте гнезда користејќи платнена кесичка за колачи. Доколку немате, пирето можете да го ставате со лажичка.
Во гнездата ставете го филот со пилешко. Одозгора ставете сирење.
Печете во загреана рерна на 180 степени, од 25-30 минути.
Ако сакате, при послужувањето готовото јадење украсете го со магдонос.
Добар апетит!Ако сакате пире, можете да припремите главно јадење и гарнир заедно.
Ви предлагаме оригинален рецепт за „гнезда од компир“ кои