Адам Маркс исчезнал од семејниот дом во 2005 година без било какво објаснување, а неговата сопруга потрошила скоро цела деценија барајќи го каде е.Сопругот на Карен Маркс (48), Адам Маркс, исчезнал од семејниот дом во 2005 година без било какво објаснување.
Очајната сопруга поминала полни девет години време барајќи го. Кога конечно му влегла во трага, кон крајот на 2014 година и тоа преку Фејсбук, следел вистински шок.
Имено, Карен дознала дека нејзиниот сопруг со години живеел во истата држава како и таа, само под семејниот покрив на некоја друга жена. Марк бил среќно женет по втор пат.
„Само си помислив како можеше да се ожени? Дали сум јас мртва? Што направи со мојот идентитет?“, објаснила очајната сопруга за Daily Mail.
Измамената жена го пријавила сопругот во полиција, обвинувајќи го за бигамија, проневера и давање лажен исказ при склопувањето на вториот брак.
Меѓутоа, тоа не бил прв пат Марк да го направи тоа. Само година дена по венчавката, тој си заминал од дома, оставајќи порака во која објаснува дека не може да ги трпи децата на својата сопруга.
„Првиот пат кога ме напушти, се чувствував како некој со рака да ми го откорна срцето од градите. Ми рече дека сето тоа е моја вина и дека не можеше да ги поднесе моите деца“, се присетува Карен.
Се вратил неколку месеци подоцна.
Последниот пат си заминал без да каже збор, но Карен повеќе нема простор за простување.
Се поставува прашањето: Вреди ли да се пушти назад личноста којашто еднаш ќе одлучи да си замине?Сопругот на Карен Маркс (48), Адам Маркс, исчезнал од семејниот дом во 2005 година без било какво објаснување.
Очајната сопруга поминала по


